18 Мај, 2024
0.0282

Преживеале граѓански војни и политички преуредувања: Шестте најстари винарии на светот

Објавено во: Свет 29 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Ви претставуваме шест најстари винарии кои во текот на својата повеќевековна историја преживеале граѓански војни, политички преуредувања, почести и многу други настани, останувајќи да стојат како потсетник на староста на виното и вештината на создавање сорти кои денес ни се добро познати и кои со задоволство ги пиеме.

Секако, древните винарии датираат многу пред долу наведените. На пример, се знае дека древните Египќани пиеле вино. Во тоа време, тоа важело за пијалок на високите сталежи, додека обичниот народ конзумирал пиво. Меѓутоа, дури ни Египќаните не биле први, туку ја добиле идејата од подрачјето Левант на кое му припаѓаат земји како што се Либан, Израел, Јордан итн. и каде производството на вино датира уште од 4 000 години пред новата ера. Еден древен вински подрум е пронајден внатре во пештерата во Ерменија и неговата старост е проценета на 5,5 илјади години. Ако се поместиме од бреговите на Источниот Медитеран, ќе откриеме ќупови стари девет милениуми, наполнети со своевидно вино од oриз,мед и овошје. Оваа кинеска сангрија важи за прво вино на светот.

Château de Goulaine

Настанал околу илјадитите години

Château de Goulaine и припаѓал на семејството Goulaine, со исклучителен период од 1788 до 1858 година, во текот на Француската револуција,кога доспеал во раце на еден холандски банкар. Како еден од последните замоци кои и понатаму прават вино, Goulaine произведува бело вино од долината Лоар од сортата мускадет и фоле бланш (Folle Blanche). Постојат гласини дека некогашниот кувар на замокот de Goulaine, госпоѓата Клеменс Чефевр, го измислила beurre blanc sos, познатиот француски бел сос како бешамел во кој најчесто оди малку виномод сортата мускадет. Денес е можно да се преспие во замокот Goulaine или го изнајмуваат за венчавки.

Barone Ricasoli

Основана во 1114 година

Овој замок и припаѓал на една тосканска фамилија во време кога Фиренца и Сиена уште биле градови-држави. Замокот Ricasoli ги преживеал политичките превирања во Италија во средината на 13 и период во текот на 14 век, кревањето на семејството Медиќи во XVIII век, како и втората светска војна. Денес, во винаријата го нудат своето најпрестижно вино, Castello di Brolio по цена од 60 евра.

Schloss Johannisberg

Околи 1100 години

Постојат записи за порачки на 6000 литри вино уште за време на владеењето на Карло Велики кон крајот на VIII век а привиот веродостоен запис за лозјето датира од перото на Луј Пиј 817 година . Сепак, првата градба која е нуклеус на винската култура од целиот регион, бенедиктанците ја издигнале во зората на XII  век. 

 Shloss Johannisberg  комплетно бил уништен од страна на бунтовниците за време на германската Селска војна во 1525 година,  претставува жариште на најстарите лозја од сортата ризлинг на светот и важи за прва винарија која правела вина од доцна берба „Spätlese“, почнувајќи од 1775 година. Пред тоа, грозејто со сива мувла не се користело за правење вино.

Scholl Vollrads

Основана 1211 година

Најстарата документирана продажба на вино (фактура) од оваа винарија датира од 1211 година кога извесна количина е продадена на манастирот Свети Виктор од Мајнц. Сопствениците на винаријата, семејството Вон Грејфенклау, познати по семејната лоза која може да се следи до 1097 година кога живееле во „Сивата куќа“ , првата куќа во Германија изградена од камен. Оваа винарија од Рајнската област произведува осум векови долга винска династија со дегустрирање на посебен ризлинг со локална германска кобасица, како што е bratwurst.

Codorniu

Основана 1551 година

Првата винарија од која потекло пенливо вино во Шпанија не почнала со пенливи средства. Лозјата и подрумите на Codorniu  винаријата постојат од средина на XVI  век, но дури во 1820-тите години Codorniu  почнал со производство на вино „кафе“ нарекувајќи го шампања.

Денес, Codorniu  важи за еден од три најголеми произведувачи на кафе во светот со годишно производство од околу пет милиони сандуци вино.

Casa Madero, Parras de la Fuente

Основана 1597 година

Што се однесува до производството на вино во Новиот свет, помалку е изненадувачки фактот дека најстарата винарија во Америка се наоѓа во Мексико.

Casa Madero е сместена во областа Parras de la Fuente, мала природна долина во Коавил на североисток, веднаш зад границата со Тексас. Најпознатите вина на Casa Madero  се мерло, каберне совињон, малбек и темпранило.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата