29 Септември, 2024
0.0257

ПРИЈАТЕЛ НА ПОВРЕДЕНИОТ БУГАРИН: Полицијата добро виде колку бугарски автомобили завршија во потенцијално опасната населба

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Пријател на избодениот во Скопје, 29-годишен Бугарин, за случајот дал изјава ексклузивно за НОВА.бг. 

Нова.бг во текстот пишува дека Петар Бозов станал несвесен сведок на нападот, во кој, како што напишале „северномакедонските фудбалски навивачи ги нападнале приврзаниците на ‚Левски'. Самиот бил повреден откако бил удрен со стап по главата“.

Петар е адвокат, има своја канцеларија. Тој вели дека ниту еден од Бугарите, кои патувале со повеќе автомобили, не е организиран фан, ниту дел од агитација. Тој, исто така, негираше дека учествувал во организирани тепачки. Според мажот, избодениот Драго не е опасен по живот. Тој ги повика бугарските власти да помогнат во неговото лекување и транспортирање во Бугарија, пишува Нова.бг.

„Околу 18 часот бевме на влезот во Скопје. Пред тоа беа детално проверени сите бугарски автомобили за присуство на оружје, кордон тргна да не придружува, но на автопатот се раздвои и не бевме добро чувани. Пред еден свиок, ми пријде возачот на вториот автомобил, застанавме и ме праша „Знаеш ли каде одиме?“, а јас му реков „Да, на рутата што ни ја даде „Левски“ застана патрола до нас и ги прашавме „Десно ли“ и тие рекоа „Да, продолжи, продолжи“. Токму ова беше патот до излезот за Чаир“, изјави за Нова Бозов.

„Македонската полиција многу добро виде колку бугарски автомобили скршнаа и завршија во опасната населба“, додава тој.

Тогаш започнал кошмарот. Околу нив се собрала поголема група мажи од албанско потекло кои почнале да удираат по автомобилите. Таму го избоделе и Драго - другарот на Петар. Бевме тепани со метални предмети и лименки“, се присетува учесникот во она што се случи.

Тој објасни дека полицијата им забранила да се сликаат. Ним им бил одбиен и преведувач за време на сослушувањата. На крајот преведувал бугарскиот амбасадор во земјава. Напаѓачите во населбата „Чаир“ се идентификувани од полицијата.

Драгомир работи во областа на телекомуникациските услуги, тој е ИТ специјалист, изјави неговиот пријател.

Извор: Нова.бг

Фото: Принтскрин Нова.бг

Можеби ќе ве интересира

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки