18 Мај, 2024
0.0292

Пријавувањето за отпис на долгови почна, граѓаните на шалтер бараат информации

Објавено во: Економија 18 Август, 2014

Добивај вести на Viber

И официјално започна пријавувањето за искористување на владината мерка за еднократен отпис на долговите за граѓаните од социјално ранливите категории. Од утрово граѓаните - потенцијални корисници на мерката, на шалтерите на Центрите за социјална работа се информираат за потребните документи и постапката по која ќе можат да аплицираат. Уште на првиот ден само до пладне биле подигнати вкупно 2.000 формулари неопходни за да се поднесе барањето. Надлежните очекуваат мерката да ја искористат меѓу 50.000 и 100.000 граѓани. „Задоволни сме што во центрите за социјална работа граѓаните доаѓаат и се интересираат, а некои од нив веднаш поднесуваат барање“, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов го посети Центарот за социјални работи во Гази Баба. „Заедно со сите институции што се вклучени за еднократен отпис на долговите имавме соодветни обуки за вработените за да ги подготвиме и да им укажеме на документацијата и начинот на реализација на проектот“, истакна Спасов. Барањата треба да се поднесат во рок од 30 дена од објавувањето на повикот. Потоа, посебна комисија формирана од министерот за труд ќе ги проценува барањата и ќе одлучува кој се има право на отпис на долговите за неплатени сметки, рати од кредити, камати, нотарски и извршителски трошоци.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа