19 Мај, 2024
0.2236

Приказната за Божиќ ширум светот

Објавено во: Свет 25 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Од памтивек милиони луѓе ширум светот го одбележуваат Божиќ. Корените на овој обичај се губат во длабоката древност.

Секоја земја има своја специфична традиција, помеѓу која деновиве се промовираат и повеќе општи симболи на празникот.

На пример во Грција се почитува свети Никола како заштитник на морнарите. Легендите го опишуваат како старец со побелена коса , носејќи мокра облека, од чија брада капе морска вода. Неговиот лик е прототип на модерниот Дедо Мраз.

Во Германија божиќната подготовка започнува уште во ноќта пред 6 декември. Децата ги оставаат чевлите пред вратата, а наутро послушните ги наоѓаат полни со подароци. Германците веруваат дека Христос ги праќа своите ангели да кружат низ земјата во текот на ноќта, за тоа според традицијата е децата да се облекуваат во бело и да кружат околу куќите за здравје и среќа.

Празнувањата во Италија почнуваат 8 дена пред Божиќ, но големите подароци ги подаруваат на 6-ти јануари. На немирните деца им се подарува само парченце јаглен.

Во Холандија традицијата ја поврзуваат со Свети Николаус, кој пристигнал на холандските брегови уште во ноември. Во текот на летото тој има шпанска адреса и резиденција во која ги води белешките кои деца слушаат а кои не. Кога ќе се наближи Божиќ и ќе стапне на копно, тој се качува на бел коњ и кружи низ градот за радост на малите и големите деца.

Во пресрет на Божиќ во Финска има необична традиција. Сите од семејството одат на сауна, за да седнат чисти на масата. Празничната вечера започнува кога ќе се појави првата ѕвезда на небото.

Во многу француски домови се ставаат макети на јасли, кои потсетуваат на раѓањето на Христос. Карактеристичен елемент на празникот е чоколадниот колач во форма на најавите, но празничното мени се разликува во различни делови на земјата.

Наместо со санка на снегот, Австралијците повеќе го слават Божиќ со костим за на плажа. Температурите кај нив ретко паѓаат под 30 степени во тоа време од годината. Дедо Мраз во Австралија задолжително доаѓа со сурфање.

За разлика од Австралија, Канада е една од ретките земји каде задолжително ќе се прославува Божиќ во бело - со многу снег и ... елени. Мали групи, преоблечени луѓе одат по домовите, и тропаат со ѕвона. Ги нарекуваат „маскирани коледари“.

Според преданијата чешкиот Дедо Мраз се спушта од небото на златно јаже, следен од еден ангел и еден ѓавол. На младите девојки во Чешка им ја  погодува иднината, и на 4 декември ставаат цреша гранче во вода. Ако таа процвета до Божиќ, следната година ќе најдат сопруг.

Во Англија веруваат во традиционалната варијанта на Дедо Мраз, облечен со долга црвена или зелена облека. Додека сите спијат тој ги обиколува домовите и остава подароци во празните чорапи, закачени околу огништето.

Околу еден месец пред празникот во Либан се садат семиња од леќа, грав или жито во памук натопен со вода. Ги наводнуваат секој ден, за да може до Божиќ семето да никне, а стебленцата се користат за декорација на макети на јасли, во која се раѓа Исус.

Руската трпеза за празникот се состои од 12 јадења, секое едно од кои симболизира еден од светите апостоли. Покрај Дедо Мраз и неговата внука Снежана, друга фигура која ја има во руските домови е - Бабушка. Слично на италијанската Бефана таа одбила да ја следи Витлеемската ѕвезда, кога Христос се родил и до денес се бара креветчето. Бабушка се става во секој дом, каде што има деца, мислејќи дека таму е Божјиот син.

Шпанскиот Божиќ се вика Навидад. По вечерата на Бадник, Шпанците излегуваат на улица да ги набљудуваат танчерите на специфичен танц наречен хота. Луѓето во Шпанија ги почитуваат кравите.

Во Шведска пред зори најмалото девојче во семејството облекува бел фустан со црвен појас. На главата става венец со запалени свеќи. Слични поворки со свеќи се организираат во црквите за време на празничната служба. На Божиќ во Шведска, Козата е многу почитувано животно, бидејќи токму таа ги раздавала подароците. На Бадник некој од семејството се маскира, и излегува од подрумите и раздава подароци.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“