Прилепчанец купувал камион преку интернет од Германија, останал без парите

Објавено во: Економија 09 Мај, 2018 11:14
Прилепчанец преку интернет сакал да купи камион од Германија, но останал без парите и без возилото, информираше МВР.
Според полицијата, вчера во ПС Прилеп, Ф.И. (31) пријавил дека пред околу 30 дена на германска интернет страница за огласи „mobile.de“, забележал оглас на кој се продавало работно возило-бетон пумпа „Mercedes Benz Actors“, на кој имало и податоци за лицето за контакт, контакт телефон и меил адреса.
Прилепчанецот остварил контакт со лицето Р.Б., кој се претставил како овластено лице на правното лице „MK EXKLUSIVE Gmbh“ од Германија, во чија сопственост било возилото за продажба. Тој преку меил му испратил податоци за возилото односно примерок од сообраќајна дозвола.
На 19.04.2018 година Ф.И. уплатил 9.000 евра и податоците од уплатата ги доставил преку интернет на Р.Б. со кого се договориле на 26.04.2018 година да остварат средба во Германија. Пред договорената средба, Р.Б. побарал дополнителни 10 отсто од висината на продажната цена на возилото, со образложение дека за камионот имало заинтересирани купувачи кои нуделе повисока цена. Прилепчанецот не се согласил и побарал да му бидат рефундирани претходно уплатените парични средства.
Истиот ден Ф.И. се обидел да оствари контакт со Р.Б. меѓутоа на посочената адреса веќе не постоела фирмата „MK EXKLUSIVE Gmbh“. Оштетениот настанот го пријавил и на германските полициски служби.
Можеби ќе ве интересира
ПО ПОСКАПУВАЊАТА: Граѓаните и фирмите лани ги преплатиле услугите на „Катастарот“

ТРЕНДАФИЛОВ: Минимална плата од 500 евра или генерален штрајк и протести

Што се случува со УЈП? Фирми подолго време не може да исплатат плата

ДЕНЕСКА СТАРТУВААТ НАЈАВЕНИТЕ ТАРИФИ - Што се знае за планот на Трамп за огромни царини?

Одлични вести од најголемите охридски хотели! Како „Хотели Метропол“ планира да ја зголеми добивката за 55 отсто?

ВЛАДАТА ПОВТОРНО ЌЕ ГИ ПОМАГА ВЕСНИЦИТЕ – и оваа година ќе им даде пари за печатење и дистрибуција

АИ ОДГОВОРИ КОИ ПРОФЕСИИ ЌЕ ГИ ЗАМЕНИ: Еве што вели вештачката интелигенција

ЦЕЛОСЕН КОЛАПС НА ЕВРОПА: Погрешните потези доведоа до целосно самоуништување (ВИДЕО)
