„Магна“ во Штип почна со работа
Објавено во: Економија 02 Април, 2025 12:47
Од денес во Штип започна со работа втората фабрика на „Магна Мехатроникс“, која се простира на 18.000 метри квадратни во слободната индустриска зона, за што ќе бидат инвестирани околу 40 милиони евра и ќе бидат вработени во самиот пик на инвестицијата повеќе од 600тина лица.
„Со ова, со огромна чест и задоволство, ја прогласувам оваа нова фабрика за отворена! За мене претставува исклучително важна затоа што на факултетот токму тоа што денес тука ќе се произведува, јас го предавам на младите студенти и оние генерации коишто доаѓаат, а тоа е механтрониката. Затоа да заклучам, нека носи успех, просперитет и напредок за сите“, рече премиерот Христтија Мицкоски на настанот.
„Магнамехатроникс“ (Magna Mechatronics) е дел од „Magna International“ – една од најголемите компании во светот за автомобилски компоненти, со седиште во Канада и присуство во над 28 земји. Специјализирана е за производство на интелигентни мехатронски системи – комбинација од механика, електроника и софтвер – кои се вградуваат во возила на водечките светски брендови.
Компанијата произведува компоненти како што се системи за заклучување, електронски контролни модули, автоматизирани врати, и иновативни решенија за безбедност и комфор. Нивните технологии се користат во возила од висока класа, со фокус на автоматизација и интелигентни решенија кои го менуваат начинoт на кој возилата функционираат.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




