Добивај вести на Viber
Најновата Инстант лотарија на Државна лотарија на Македонија (ДЛМ) „7ма брзина“ сé повеќе добива на популарност кај нашите играчи на среќа, а со тоа расте и бројот на среќни добитници.
Најновиот во оваа убава алка среќни играчи на ДЛМ е прилепчанецот Владо Цветановски кој живее во охридското село Лескоец. Премијата која тој ја освои во Инстант лотаријата „7ма Брзина“, автомобилот „голф 7’ му беше доделена токму од среќното место каде тој ја купил грепката, продажното место на „Никофон“ во населбата Ѓорче Петров во Скопје.
Владо на пат кон дома застанал да купи полнач за неговиот мобилен апарат од продажното место на Никофон. Грепките му го привлекле погледот, па се одлучил да купи и две од нив. Не ги изгребал веднаш, тоа го оставил за денот кој носи среќа како датум во неговото семејство. На 18-ти септември неговата ќеркичка Анастасија наполнила еден месец, а на овој убав датум тој ја побарал раката на својата сопруга, но и нивната свадбена веселба се случила на 18-ти септември. Токму поради ова, одлучил да провери дали овој датум ќе донесе уште еден убав настан за него и неговото семејство. На една од грепките, стрелката го покажала „голфот 7“, па сега ќе може да го управува својот нов автомобил, благодарение на симболиката на неговиот среќен датум.
Само за потсетување досега покрај двете премии автомобил „голф 7“, имаме и по еден добитник на 100 илјади и уште еден кој освои 50 илјади денари во најновата Инстант лотарија на Државна лотарија на Македонија, „7ма Брзина“. Инстант лотаријата „Седма брзина“ беше лансирана на 10-тити јули годинава, а на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со десет автомобили „голф 7“, обезбедени во соработка со „Порше Македонија“. Вкупниот број добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.