Добивај вести на Viber
Општина Прилеп објави тендер за избор на најповолен понудувач за изработка на доводен цевковод и разводна мрежа до село Клепач.
За прв пат околу 160 жителите од ова прилепско населено место ќе добијат водоводен систем и здравствено исправна вода за пиење. Ова населено место ќе биде поврзано на водоснабдителниот систем што го одржува општина Битола, кај селото Ношпал, кое претставува најблиска точка за поврзување. За реализација на овој инфраструктурен зафат предвидени се средства во буџетот на Општина Прилеп во висина од околу 5 милиони денари.