19 Јануари, 2025
0.0915

Како за само 3 месеци да дојдете до принос голем колку едногодишен депозит во банка?

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Паричните фондови имаат одредени предности со кои ќе го максимизирате приносот за краток временски период. Времетрањето на вложување може да биде неколку дена, неколку месеци, па дури и над година дена, сè во зависност од Вашите потреби за располагање со парите. КД Кеш Депозит е таков инвестициски фонд и можеби се прашувате зошто да штедите токму во него. Овој финансиски производ ги распределува парите на корисниците во повеќе депозити во различни банки. Поради тоа што сите средства се пласирани во домашни банки, КД Кеш Депозит е еднаков на максимално сигурниот и безризичен банкарски депозит. Затоа и се нарекува паричен фонд.  Кои се предностите? Најголемата предност е што немате задача да истражувате, да се распрашувате кој ги нуди најдобрите каматни услови. Напротив, паричниот фонд го работи тоа за Вас, професионално, редовно и посветено. Важна карактеристика е и тоа што стапката на принос (н.з. каматата) не зависи од износот на вложените пари. Со други зборови нема ограничување на минималниот влог бидејќи паричниот фонд претставува заедничка целина од средствата на сите негови клиенти – вложувачи, што значи дека сите тие остваруваат и идентична стапка на принос. Овој фонд има постојан принос бидејќи тој се пресметува и додава на дневно ниво, при што вложениот износ се зголемува секојдневно. Приносот што го остварува КД Кеш Депозит во моментот е повисок од тековните каматни стапки за орочените денарски депозити на период од 1, 3, 6 и 9 месеци. Нема веќе потреба од орочување т.е одредување на временски период во кој условно ќе се откажете од користењето на Вашите пари што значи овој фонд ви нуди максимална флексибилност. За разлика од класичните банкарски депозити, кај паричниот фонд не го губите правото на добивката која сте ја оствариле до моментот на повлекување на дел или сите средства, затоа што не постои терминот „разорочување“. Веќе нема временски рокови кои го ограничуваат подигнувањето и користењето на средствата. Средствата пласирани денес, може да се користат по потреба без притоа да се изгуби одреден процент, а покрај тоа имате редовен принос кој е повисок од каматната стапка за орочени депозити на неколку месеци. Дали сеуште се прашувате зошто КД Кеш Депозит е најпрепорачаното место за Вашите пари до 1 година?  

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ