30 Април, 2024
0.0360

Приведен гостиварец кој избегал од затвор и извршил 75 кривични дела

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

По претходно превземени оперативни активности, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во куќа на ул. “Методија Андонски“ во Гостивар, при што е приведено лицето И.Џ. (24) од село Дебреше, гостиварско, за кого претходно беше распишан централен распис поради бегство од КПУ Тетово, како и заради сомнение дека е сторител на вкупно 75 кривични дела и тоа:   51 “тешки кражби“, 18 “тешки кражби во обид“, пет “одземања на возило“ и една “кражба“, кои што се утврдени врз основа на направените проверки, ДНА вештачења, видео записи и други материјални докази. И.Џ. кривичните дела ги правел на подрачјето на Гостивар, Тетово, Струга, Охрид, Кичево, Ресен и Битола, соопштија од МВР.

При претресот кај него, пронајден и одземен е пиштол марка “форјас таурус“ калибар 9 мм со шест куршуми во рамка и еден во цевката од пиштолот. Констатирано е дека запленетото оружје потекнува од тешка кражба во продавница во Тетово извршена на 03.01.2018. Исто така, пронајдено е и патничко возило “Ауди“, кое што приведениот го одзел во Струга, а пронајдени се и разновиден алат, фантомка и други предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од други кривични дела.

По приведувањето на И.Џ. извршен е разговор со него, при што тој ги признал делата и објаснил како ги сторил. Извршено е и препознавање од страна на оштетен. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија