Продава плац, а клучниот бенефит е дека е блиску до Новак Ѓоковиќ
Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2023
Пред извесно време српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ купил имот на Космај, но она што е интересно е дека во друг оглас тоа се наведува како предност, односно близината до плацот на тенисерот.
Информацијата им послужила како инспирација на други луѓе кои продаваат имот. Жител на селото Рогача напишал дека продава плац на 100 метри од оној на Ѓоковиќ, има струја, вода и гас.
Оваа планина долго време е место каде имотните српски граѓани градат вили. Ни познатиот актер Џони Деп не останал рамнодушен на убавината на ова место, но популарноста и натаму расте. Цената за квадрат е 1.475 евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.