Продавницата на меѓуграничниот простор со задоволителни резултати од отворањето
Објавено во: Мои пари 10 Септември, 2013
Продавницата во меѓуграничниот простор на Македонија и Грција на влез во нашата земја за нешто повеќе од еден месец од отворањето остварува задоволитетлни резултати, констатираа во акционерското друштво „МДФ Интернационал груп“ кое стопанисува со објектот на поранешниот фри шоп.
Директорот Миле Алчиновнагласи дека ќе се трудат прометот да биде зголемен затоа што продавницата се наоѓа меѓу граничните премини Богородица и Евзони преку кои годишно транзитираат од 5 до 6 милиони патници.
- Купувачите ќе ги привлечеме со поевтини производи од грчкиот фри шоп. Кај нас со пониски цени се продаваат цигарите и алкохолните пијалоци, а многу поевтини се и кондиторските производи кои во Македонија се оданочени само со пет отсто,нагласи Алчинов.
Во продавницата може да се купат уште текстилни производи и спортска опрема, а најдоцна до следната туристичка сезона ќе биде отворена и кафетерија. Продавницата е отворена по пауза од 15 години откако беа затворени тогашните фри шопови.