Продолжен е рокот за аплицирање на станбен кредит од Силк Роуд Банка со 2,9 % камата
Објавено во: Мои пари 31 Март, 2017 10:05
До 30 јуни може да се аплицира за станбен кредит на Силк Роуд Банка. Станува збор за кредит со најниска фиксна каматна стапка од ЕУР 2,9%/МКД 3,9% за првите 3 години и променлива каматна стапка од 5,85% за останатиот период. Во промотивниот периoд, кредитот може да се добие без надоместок за аплицирање, без трошоци за администрирање и без трошоци за проценка на имот.
За станбениот кредит може да се аплицира за сума до 150.000 евра, со максимален период за отплата до 30 години. Предодобрување на кредитот е за еден ден, а одобрените средства можат да бидат наменети за купување нов стан или куќа, за реновирање, за купување градежни материјали, како и за рефинансирање станбени кредити од други банки.
Следејќи ги светските трендови во банкарскиот сектор, Силк Роуд Банка континуирано работи на создавање прифатливи решенија и флексибилни производи, согласно барањата на клиентите.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




