Продолжува судењето за „Рекет“, дојде адвокатката на Катица Јанева
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2020
Денеска по две одлагања продолжува судењето за случајот „Рекет“, откако адвокатката на обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева - Ирена Фрчкоска претпладнето е присутна во судницата.
Претходно, рочиштата на два пати се одложуваа затоа што и двата адвокати на Јанева пријавија отсуство поради болест, а судијата за денес рече дека таа ќе добие бранители по службена должност доколку Фрчкоска и Дељо Кадиев не се појават.
Кадиев веќе подолго време е на болничко лекување, а на боледување е и неговата колешка Фрчковска. Инаку обвинителката Лиле Стефанова денеска треба да сведочи во Кривичниот суд.
Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“, во кој еден од осомничените е Орце Камчев, кој пак го пријави случајот „Рекет“ како оштетен, а таа треба да сведочи како бизнисменот добил укинување на притворот и враќањето на пасошот.