04 Мај, 2024
0.0258

ПРОЕКТ: Десет топ- студенти годишно ќе одат на пракса кај топ- директори

Објавено во: Економија 26 Март, 2018

Добивај вести на Viber

По десет најдобро рангирани студенти во следните десет години ќе имаат можност да учат од извршните директори на водечки македонски компании со странски капитал. Целтта е 10 млади студенти секоја година од април до август да ги поминуваат работните саати со менаџерите на компаните за да видат со какви се предизвици се соочуваат. Ќе имаат можност да се запознаат како изгледа работниот ден на еден врвен менаџер, квалитетно навлегување во процесите на водењето на компанија, стекнување нови знаења, практични искуства и вештини кои ќе придонесат за развој на нивниот претприемачки дух.

На таков начин за 10 години 100 студенти, ќе се стекнат со форма на меѓународно образование во Македонија, информираше претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер.

Советoт на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, за прв пат годинава организира Проект: „ДЕН СО МАКЕДОНСКИТЕ ВОДЕЧКИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ”.

Учеството на извршните директори во Проектот е доказ за нивната посветеност да ги поддржат најдобрите поединци во нивниот кариерен развој кои еден ден ќе ги преземат лидерските позиции во македонските компании, обезбедувајќи им не само знаење, туку и практични вештини и искуства.

Програмата е намената за студенти за додипломски, постдипломски или докторски студии на науки од областа на организациски менаџмент, човечки ресурси, бизнис администрација или од областите директно поврзани со примарната дејност на компаниите кои ќе бидат посетени.

Советот на странските инвеститори и неговите членови - странските компании во земјава, преку Проектот за поврзување со младите таленти и идните лидери и претприемачи ја презема улогата на генератор на современи практики, технолошки иновации и нови знаења, во насока на воспоставување мрежа на лидери и следбеници.

Аплицирањето е по пат на пополнување на онлајн апликацијата на страната на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија: www.fic.mk најдоцна до 5.4.2018 година, а целиот проект трае до крајот на август 2018 година, кога ќе се реализираат средбите со успешните менаџери и бизнис лидери од странските компании во земјава.Првите десет студенти ќе учат од директорите на компаниите „Комфиангел“, „АрчеролМитал“, „ВанХол“, Пивара „Скопје“ и ЕВН.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски