18 Мај, 2024
0.0329

Проект „Купи куќа, купи стан“ – доделено 500-то решение

Објавено во: Економија 09 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Денеска беше доделено 500-тото решение од проектот „Купи куќа, купи стан“ со кој Владата на еден вид преку субвенционирање им помага на граѓаните да дојдат до сопствен дом.

Среќното семејство овој пат беа  Димовски, кои  15 години живееле под кирија, а решението им го додели вицепремиерот Ставрески.

- Велигденските празници се период кој вообичаено го поминуваме со семејството и во домот и уште повеќе се потврдува тоа дека вистинското богатство на секој човек е семејството, домот и хармонијата. Затоа ми е мило што во оваа велигденска недела имав можност да бидам во домот на семејството Димовски кое симболично е 500-тиот корисник на проектот „Купи куќа, купи стан“, изјави вицепремиерот Ставрески.

Ставрески посочи дека овој проект досега предизвикал голем интерес кај граѓаните и оти од тие причини е отворена канцеларија во Министерството за финансии каде може да се добијат информации за можностите што ги нуди, без разлика дали се работи за учество за кредит или за половина рата.

- Се работи за значителна финансиска поддршка од државата. Во последниве месеци имаме над 25 одобрени барања. Вкупниот број е 524, што значи дека проектот наиде на добар интерес кај граѓаните, рече Ставрески.

Новите сопственици на стан изразија задоволство од можноста што им ја дала државата да можат со 50 проценти субвенционирано учество да дојдат до сопствен дом.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа