16 Декември, 2025
0.0610

Професијата на пилотите го загуби својот ореол засекогаш

Објавено во: Свет 01 Април, 2015 09:10

Добивај вести на Viber

Најголемата трагедија во германската авиоисторија ни покажа дека обуката на пилотите е застаната некаде во 60-тите години на минатиот век: тогаш само физичката состојба, а не менталната издржливост и емоционалната стабилност, била од значење за тоа дали еден човек е „способен“ или „неспособен“ да лета.

Од 1931 година, кога за прв пат е киднапиран авион од цивилната авијација, во заканите од тероризам во воздухот во 60-тите и 70-тите години на XX век, до нападите од 11 септември 2001 година - секој пат одново и одново правилата за безбедност во воздухот и аеродромите се менуваат кардинално. На 24 март 2015 година разбравме нешто многу важно:

Дојде крај на безбедноста во воздушниот транспорт.

Аеродромите и авионите може и да се предмет на засилени мерки за безбедност. По се 'изгледа дека катастрофата над Француските Алпи ќе ја подобри безбедноста на патниците, откако голем дел од авиокомпаниите се обединија околу идејата дека екипи не треба да го остават пилотот, да ја управува машината во воздухот, сам во кабината. Сите овие технички подобрувања сепак едвај ќе дадат резултат, кога ќе стане јасно дека владејачкиот авион е психички неодржлив.

Веќе нема луѓе или професии, на кои да се довериме.

Несомнено е дека професијата на пилотите се смета за една од најпрестижните и благородни во наше време. Постојат професии, чии претставници едноставно емитуваат божествен сјај: такви се духовниците, доктори и пилоти. Историјата дознала дека сепак во последните неколку векови малку по малку свештенството постепено го губи својот особен статус во општеството. Религијата исто. Сложена е ситуацијата и со лекарите. Времињата во кои гледавме на нив како полубожества во бело, се одамна Ослободени во минатото. Остануваат пилотите.

А тие го загубија неповратно својот ореол.

Од почетокот на 60-тите години, кога „Луфтханза“ започнува да врши редовни летови за граѓаните, пилотите се доживувани како митски суштества. Физички убави и здрави, облечени во елегантни сини униформи со златни копчиња: тоа беа луѓето чија визија била еквивалентна со идејата за безбедноста во воздухот, и во чии раце никој не се срами да го довери својот живот. Децении подоцна, и покрај низата технички подобрувања во сигурноста на авиосообраќајот: сега се чини дека тие се „неспособни“ да летаат.

Авионската несреќа на „Ербас“ А320, кој се урна во планинскиот масив североисточно од Марсеј, покажа дека физичкото здравје, техничките квалификации и способноста да работи тимски не го прават еден пилот „способен“ да управува авион, на чиј одбор има други 149 патници. А Митскиот ореол на пилотската професија остана шлаг на пената и прашина во Француските Алпи.

И.Р

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете