15 Декември, 2025
0.0600

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ СО ПОСЛЕДНИ ПРОГНОЗИ: Расте прележаноста, помал е ризикот од големо избувнување во текот на есента

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2021 09:21

Добивај вести на Viber

Преносливоста на епидемијата останува минимално под единица и просекот на дневните броеви на нови случаи продолжува да се намалува просечно за 1,5 отсто дневно, односно околу 10 отсто неделно. Но, за прв пат по подолго време забележуваме намалување на стапката на позитивни тестови. Нејзината седумдневна подвижна средина (црвената линија на вториот дијаграм) полека завртува надолу.

Ова на фејсбук го пишува професорот Дејан Трајковски, кој постојано прави анализи на движењето на вирусот.

Стапката на позитивни тестови ни кажува можеби и повеќе од самиот број на нови случаи, затоа што поради големото намалување на бројот на тестирањата (при раст на бројот на починати!) новите случаи се помалку ни кажуваат за трендот на епидемијата.

Продолжуваме со прилично големи дневни броеви. Колку подолго ова трае, расте прележаноста на населението и помал е ризикот од големо избувнување во текот на есента (всушност ние сé уште сме во бранот). Во идеален случај, како што се зголемува прележаноста, ако рамномерно попушта ефективноста на вакцините против заразување (неделава изнесува само 17 отсто, така што не може уште многу да попушта) тогаш репродукцискиот број може да остане околу единица или малку над неа, односно новиот бран не мора да биде силен. Прерано е за заклучоци, есента и зимата се пред нас, а прогнозирањето врз основа на прележаноста не е повеќе толку лесна како порано. Сега во анализите влегува уште и опфатот со вакцинација и попуштањето на ефективноста, па варирањето на сите овие фактори многу влијае на прогнозата.

Последниве денови се смирува Скопје, веројатно и Куманово, но некои други помали градови започнуваат да се „будат“. Дури ни Тетово не мирува, единствено Гостивар и Дебар изгледа како да се смириле, но платена е висока цена во човечки животи.

Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро