19 Мај, 2024
0.0275

ПРОФЕСОР ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ: Изборите се извор на неизвесност за економијата

Објавено во: Економија 17 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Професорот Владмир Филиповски од Економскиот факултет при УКИМ, во интервју за Факултети.мк  појаснува какви се последици ќе остави крона вирусот врз глобалната економија, но ги посочува и најпогодените дејности во земјава.  Осврнувајќи се на најавите за влегување во тешка и длабока светска рецесија, професор Филиповски зборува за нарушувања во глобалните синџири на снабдување во бизнис-секторот, нарушувања во транспортот и во поширок круг на услужни дејности.

- Коронавирусот се појави како „црн лебед“ – економистите со овaа метафора укажуваат на некој редок, непредвидлив настан кој може да предизвика големи (негативни) последици.
Коронавирусот се појави во време кога почнаа да се наѕираат првите сигнали на рецесија во развиените економии, по една долга, но не многу силна економска експанзија, по рецесијата од 2007-2009 година. Заканата за рецесија повеќе се однесува за некои од водечките ЕУ-економии (Италија, Германија) отколку за САД. Во Кина, пак, се случува забавување на претходно спектакуларниот економски раст (понекогаш и со двоцифрени стапки на раст на БДП). Брегзитот и трговските војни помеѓу големите економии генерираат многу неизвесности за глобалната економија, што секако го зголемува ризикот од појава на рецесии во главните светски економии.

Коронавирусот генерално предизвика дисрупција, нарушувања во глобалните синџири на снабдување во бизнис-секторот, нарушувања во транспортот и во поширок круг на услужни дејности. Дури и самото нарушување на квалитетот на здравјето на луѓето е и економски проблем, бидејќи квалитетот на здравјето е компонента на квалитетот на човечкиот капитал.

Во однос на импактот на коронавирусот врз македонското стопанство, професор Филиповски појаснува деканарушувањата на меѓународните текови на капитал можат да влијаат врз приливот на странски капитал во нашата земја. Во интервјуто напоменува и дека парламентарните избори сами по себе претставуваат неизвесност за економијата.

- Во Република Северна Македонија, појавата на коронавирусот коинцидира со подготовките за предвремените избори – тоа значи дополнителен извор на неизвесност во време кога изборите, сами за себе, се извор на неизвесност за економијата.Оваа зголемена неизвесност може неповолно да влијае врз инвестициите во бизнис-секторот и врз потрошувачката на секторот на домаќинствата.
Тоа се одразува на пазарите на потрошни добра, со помалку панично купување на одредени производи, а од друга страна, се јавува пад на побарувачката за туристички и транспортни услуги.
Неизвесноста неповолно влијае врз стабилноста на цените на акциите и врз рационалноста во вреднувањето на акциите на македонските компании. Берзанскиот индекс последниве денови покажува големи осцилации, со значајни падови и порасти, но краткорочниот тренд е опаѓачки.
Нарушувањата во глобалните текови на извозот и увозот секако ќе влијаат и врз македонските фирми. Некои од главните трговски партнери на Македонија се земји што имаат големи проблеми со коронавирусот и со макроекономските перформанси.

Исто така, нарушувањата на меѓународните текови на капитал можат да влијаат врз приливот на странски капитал во нашата земја.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа