25 Ноември, 2024
0.3876

Професорот Никола Пановски: Со вака мал интерес во Македонија би се вакцинирале најмногу 500.000 граѓани

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Временскиот интервал помеѓу примената на две дози вакцини e главна тема за научниците, регулаторните тела и владите. Велика Британија, како водечка земја во светот по досега аплицирани вакцини, неодамна објави дека вакцината против Ковид-19, произведена од АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд, е поефикасна со подолг временски интервал помеѓу двете дози отколку што првично беше планирано.

Британското регулаторно тело истовремено одлучи да го продолжи временскиот интервал помеѓу две дози од вакцината на Фајзер/БионТек, иако компаниите се дистанцираа од тоа, тврдејќи дека во тој случај не можат да ја гарантираат истата ефикасност. Експертите на СЗО официјално објавија дека се препорачува интервал од три недели до еден месец, но поради тоа што е забележано дека во моментов земјите се соочуваат со исклучителни околности на ограничено снабдување со вакцини, некои од нив размислуваат за одложување на втората доза се со цел да се зголеми бројот на луѓе кои би ја примиле првата вакцина.

Што би се случило доколку навреме не се прими втората доза од вакцината против Ковид-19 е прашање кое го поставуваат и македонските граѓани, особено поради фактот што во земјава досега немаше ниту една вакцина. Здравствените власти во Македонија уверуваат дека секој кој ќе ја прими првата вакцина, веднаш ќе биде регистриран за аплицирање и на втората доза и дека нема да се случи недостиг на вакцините.

Професорот Никола Пановски смета дека здравствените власти нема да ги потрошат сите 4.680 дози од првата пратка од донацијата на Србија и дека практично со фајзеровата вакцина на почетокот ќе бидат вакцинирани 2.340 здравствени работници.

-Ако навреме не се прими втората доза, ефикасноста на вакцината, односно процентот на заштитата од корона вирусот ќе биде помал. Временскиот интервал до кога треба да се прими втората доза е 21 ден, но кај некои вакцини овој процентот на заштита останува висок и до три месеци. На пример, студиите за вакцината на АстраЗенека покажуваат дека ефикасноста на само една доза во периодот од 22-от до 90-от ден е 76 проценти. Висок процент на заштита во временски интервал од 21-от ден до 45-от ден, пак, односно до месец и пол даваат и вакцините од производителите Фајзер/БионТек и Модерна. Така што би имало време во земјава да стигнат вакцини и навреме да се прими втората доза. Има размислувања од страна на некои научници и  дека доколку втората доза се прими од друг производител, дека исто така е висок процентот на заштита, вели д-р. Пановски.

Истовремено, тој истакнува дека и покрај сите реакции на социјалните мрежи дека сме последна земја во која нема вакцини, дека станува збор за целосно потфрлање на здравствените власти во однос на набавката, во однос на правењето договори, сега, во изминативе неколку дена откако профункционира страницата за регистрација, интересот за вакцинирање го покажуваат мал број граѓани.

-Ќе излезе дека имаме повеќе вакцини отколку што е потребно. 60.000 граѓани е навистина премалку. Ќе видиме дали повеќе ќе се пријават кога ќе стигнат вакцините од кинескиот производител Синофарм. Но, ако остане заинтересираноста за имунизација против корона вирусот волку мала, ние како земја целиот процес на вакцинирање со првата доза ќе го завршиме од 15. Март до 15. Април. Ќе вакцинираме од 70.000 до 100.000 луѓе и толку. Иако сметам дека засега утврдената динамика на вакцинирање по околу 2.500 луѓе дневно е премалку. Би требало цели три години за да се вакцинира популација од 1 милион. Но, лично сметам дека нема да се зголеми бројката на заинтересирани за вакцината во Македонија. Ретко кој од младите ќе сака да се вакцинира, 100.000 луѓе прележаа. Според мене најмногу би се вакцинирале до 500.000 граѓани, истакнува професорот.

Инаку, денеска и официјално започнува имунизацијата со првата приоритетна група, а тоа се здравствените работници од ковид-центрите. Вакцинирањето утре ќе започнува во 10 часот во Модуларната болница на Клиниката за Инфективни болести, а пунктот ќе работи до 20 часот.

На 6 вакцинални позиции ќе се вакцинираат здравствени работници во термин од 15 минути, и се очекува денеска да се вакцинираат од 260 до 300 здравствени работници. Од министерството за здравство за Фактор велат дека во Модуларната ќе бидат вакцинирани и здравствените работници кои работат во ковид-центрите во останатите градови.

-Со оваа пратка вакцини, вакцинацијата на здравствените работници кои работат во ковид центри во целата држава ќе биде во модуларната болница на КИБФС во Скопје. За краток период очекуваме и втората пратка од Република Србија да стигне во нашата држава, додека вакцината од производителот Синофарм треба да пристигне во Македонија до крајот на месецов, велат од Министерството за здравство.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ