29 Април, 2024
0.0287

Професорот Трајковски е оптимист: Ни претстои омикрон сојот, ама леталитетот и морталитетот треба да бидат значително помали

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Професорот Дејан Трајковски има оптимистички прогнози. 
„Со ширењето на сојот Омикрон во Јужноафриканската Република (ЈАР) стапката на леталитет (Case Fatality Rate - CFR) е во слободен пад (на дијаграмот на сликата). Ќе ја следиме ситуацијата во наредните денови, но ова изгледа многу добро. Толку низок леталитет во ЈАР немало од почетокот на епидемијата, иако не знаеме какво им било темпото на тестирање тогаш и сега.

Стапката на леталитет се пресметува како количник на седумдневната подвижна средина на бројот на починати и седумдневната подвижна средина на бројот на дијагностицирани, но времески поместена 10 дена порано. Дали помага досегашниот имунитет од прележување и вакцинирање или едноставно Омикрон сојот не е толку смртоносен, ќе се утврдува дополнително, но ова е добар знак. При тоа, треба уште да се има предвид дека во ЈАР настапува летото, што исто така претставува позитивен фактор.

Кај нас, инаку, изгледа како да се остварува првобитното сценарио од летоска, од пристигнувањето на Делта сојот, според кое се очекуваа два врва - едниот летен (од пристигнувањето на позаразниот Делта сој) и еден есенски (заради зголемената преносливост), коијшто требаше да достигне максимум во текот на ноември. Изгледа како да се остварува токму тоа предвидување.

Иако со Делта сојот епидемијата постепено се смирува, треба да го издржиме и бранот на Омикрон сојот, но според ова што го гледаме во ЈАР, иако ни претстои голем број на нови случаи, леталитетот и морталитетот би требало да бидат значително помали. Но, да почекаме уште петнаесетина дена за посигурни заклучоци. Сепак, зимата е пред нас, а таа сепак ги прави сите работи полоши“, пишува професорот Трајковски.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи