ПРОГНОЗА: Еве какво време не очекува денес и во следните три дена
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2022
Претпладне со умерена до значителна облачност, освен на запад каде ќе преовладува сончево време. Попладне облачноста ќе се намали. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени Целзиусови.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 6 степени.
Сончево со мала до умерена облачност и потопло, попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.