20 Декември, 2025
0.0501

ПРОГНОЗА НА ТРАЈКОВСКИ - Толку од постоечките соеви, а дали новите ќе направат „беља“, ќе видиме најпрво во Европа

Објавено во: Македонија 09 Април, 2022 09:23

Добивај вести на Viber

Професорот Дејан Трајковски се осврна на најновата состојба со коронавирусот во земјава.

Од почетокот на неделава следиме неколку едноподруго денови со намалување на дневните броеви на новодијагностицирани. Преносливоста, мерена преку ефективниот репродукциски број Rt, после двонеделното осцилирање околу единицата, конечно тргна надолу (Rt = 0,93 ± 0,34, последниот седумдневен просек).

На вториот дијаграм веќе го гледаме мини-врвот, односно вториот врв на омикрон сојот, овој пат предизвикан од потсојот BA2 „стелт“. Во југозападна Македонија, а особено во Битола, овој мини-врв беше поизразен (зелената линија на четвртиот дијаграм), но сега веќе и таму можеме со голема сигурност да кажеме дека истиот помина. Бројките сé уште растат само во Ресен.

Врвот на BA2 „стелт“ сојот помина релативно бенигно и во повеќето европски земји, со исклучок на Германија, каде вториот врв ќе биде повисок од првиот, февруарски врв и истиот сé уште не е достигнат.

Времето работи за нас, па со порастот на дневните температури на воздухот и со повеќе време поминато на отворено, преносот на вирусите дополнително ќе се намалува. 14-дневната инциденца сé уште е во зоната на четвртиот степен на ризик (на третиот дијаграм), но за неколку дена би требало да се намали под 120 случаи на 100.000 жители за 14 дена, со што би навлегле во понискиот, трет степен на ризик.

Веќе можеме да ги правиме прогнозите и за максималниот вкупен број на случаи до крајот на овој бран. Од петтиот дијаграм (фазниот портрет I-T на активни наспрти вкупно случаи), којшто во завршната фаза на бранот сé пострмо ќе се спушта кон нулата (значи, не експоненцијално), добиваме дека конечната бројка би требало да застане на околу 312 илјади случаи. Доколку не беше пролонгирањето поради БА2 сојот, претходните проекции беа за 300-305 илјади случаи, што и не е голема разлика.

Толку беше со постоечките соеви, а дали новите потсоеви (рекомбинанти XE, XF, XD) на омикрон сојот можат да направат некакво ново, помало избувнување, ќе видиме најпрво во Европа“, пишува Трајковски на својот фејсбук профил.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти