03 Мај, 2024
0.0280

ПРОГРЕСИВЕН ДАНОК: За бизнисот непотребна мерка, за власта социјална правда

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Со почетокот на оваа година стапува во сила прогресивното оданочување. Со законските измени се предвидува даночна стапка од 10 отсто, а се воведува и стапка од 18 отсто, која ќе се однесува на даночна основа што надминува еден милион и осумдесет илјади денари на годишно ниво, односно 90 илјади денари на месечно ниво. За даночната основа до 1.080.000 денари на годишно ниво, како и до 90 илјади месечно, останува примената на постојната даночна стапка од 10 отсто.

Исто така, доходот од закуп, подзакуп, дивиденди, капитални добивки, игри на среќи и друг доход ќе се даночи со 15 отсто.

За поголем дел од експертската јавност, бизнис секторот и стопанските комори воведувањето на прогресивниот данок ќе ги предизвика негативни ефекти на и онака слабата македонска економија и тие беа против ваквата реформа.

Меѓу првите што реагираше беше Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, која ги претставува ставовите и мислењата на повеќе од 80 од најголемите и најиновативни компании во земјава. Според МАСИТ, ваквата реформа не би придонела за подобрување на социјалната еднаквост туку напротив ќе доведе до целосно намалување на продуктивноста и вработливоста и секако развојот на квалификациите.

- Со оваа даночна реформа ќе се предизвика пенализација на деловите од населението кои напорно работат кон напредување и повисоки приходи, а ќе се наградуваат оние кои не се трудат и со тоа директно се создава намалување на продуктивноста- велат во МАСИТ.

Дополнително, според нив со ваквата даночна реформа се врши дестимулирање на развојот на висококвалификуваните кадри односно зголемувањето на данокот на личен доход најмногу ќе ги погоди оние кои вложувале во сопствениот професионален развој и ќе испрати порака дека квалификуваноста е неисплатлива, со што ќе се отстрани стимулот за развој на способности и квалификации. Тие укажуват дека даночната реформа ќе предизвика ефект на даночна непослушност и зголемување на даночната евазија. Исто така го спомнуваат и одливот на мозоци и намалени капитални инвестиции што дополнително ќе влијае негативно врз македонската економија.

Мерките што ги донесе Владата за воведување прогресивен даноквоопшто нема да го дадат саканиот ефект во поглед на подобрувањето на социјалната еднаквост во земјата, напротив ќе ја намали продуктивноста и вработливоста, сметаат од Американската стопанска комора во Македонија.

Во АмЧам, која има 125 членки, сметаат дека предложените мерки додатно ќе ја намалат даночната послушност со што ќе се зголеми сивата економија.

- Ваквите мерки само ќе имаат негативен ефект врз растот на македонската економија и тоа поради одлив на капитал и намалени инвестиции, одлив на мозоци и дестимулација на иновативните „смарт“ индустрии кои генерираат најголеми приходи и се двигатели на економијата- велат во АмЧам.

Многумина од експертите оценуваатдека со прогресивниот данок ќе биде опфатено само 1 отсто од вкупното население, а предвидено е да се соберат околу 25 милиони евра во Буџетот, што, според нив, не е ни приближно голема сума потребна за справувањето со сиромаштијата.


Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен