20 Мај, 2024
0.0263

ПРОИЗВОДИ ПРОТИВ АКНИ СО КАНЦЕРОГЕН БЕНЗЕН: Се бара итно повлекување

Објавено во: Свет 06 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Независната американска лабораторија Valisure во средата објави дека открила високи нивоа на канцероген бензен во група козметички производи против акни, вклучувајќи ги Estee Lauder's Clinique, Target's Up & Up и Reckitt Benckiser's Clearasil.

Бензенот може да се формира на неприфатливо високи нивоа во производите за акни со бензоил пероксид кои се издаваат на рецепт и без рецепт, објави лабораторијата.

Во прилог на Estee Lauder's Clinique, Target's Up & Up и Reckitt Benckiser's Clearasil, бензенот е откриен и во Proactiv, PanOxyl, Walgreens сапунот за акни и кремот за акни Equate Beauty на Walmart.

Valisure го повика американскиот регулатор, Управата за храна и лекови (FDA), да ги повлече производите, да спроведе истрага и да ги измени упатствата за козметичкиот сектор.

Target, Estee Lauder, Walmart и Reckitt не одговорија на барањето на Reuters за коментар за информациите за бензенот. ФДА сè уште не одговорила на жалбата на Valisure.

Бензенот е канцероген и веќе е откриен во неколку производи за широка потрошувачка, вклучително и креми за сончање, средства за дезинфекција на раце и шампони за суво, што доведе до отповикување на производите од многу компании, вклучувајќи ги Procter&Gamble и Johnson&Johnson.

Сепак, откривањето на бензен во производите за третман на акни е значително различно од другите случаи, нагласува Valisure

„Бензенот што го најдовме во кремите за сончање и другите производи за широка потрошувачка беше нечистотија и резултат на контаминирани состојки; бензенот во производите од бензоил пероксид доаѓа од самиот бензоил пероксид“, објасни ко-основачот и претседател на Valisure, Дејвид Лајт.

Високите нивоа на бензен не беа пронајдени само во производите против акни, туку и во воздухот околу пакуваните производи, што сугерира дека канцерогенот може да продре надвор од пакувањето и да претставува потенцијален ризик од вдишување, наведува Valisure.


Можеби ќе ве интересира

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети