20 Април, 2024
0.0251

Производна ориентација на македонскиот агрокомплекс

Објавено во: Колумни 30 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Како мала и недоволно развиена земја, во глобалниот свет,Македонија неможе да има влијание, ниту на светскиот пазар, ниту во политичките збиднувања. Меѓутоа,тоа не значи дека мора да се остане сосема на периферијата на глобалното „село“, бидејќи во глобализацијата не добиваат сите, а некои можат многу да загубат. ( Гжегож В.К. 2004 ). Потребно е да се прилагодиме кон Европските регулативи и норми и она со што располагаме да го искористиме рационално во согласност со националните интереси. Како земја што е блиску до интеграција во ЕУ апсолутно мораме да ја прифатиме заедничката аграрна политика на ЕУ.

Производната проекција на македонскиот агрокомплес треба да го почитува фактот дека сме земји под влијание на три климатски подрачја, но со релативно високо влијание на медитеранската клима. И покрај малата површина, во Македонијаима голема диференција на специфични агроеколошки услови кои овозможуваат широк асортиман на култури и земјоделски производи што е релативно погодна предност.  Македонија  има ограничени мали годишни суми на врнежи и ниска релативна влажност, што оневозможува конкурентско производство на континентални култури: жита, шеќерна репа, сончоглед и  др, поради што е зависна од увоз. Проблематично е и производството на конкурентска добиточна храна (пченка и др.) што условува не конкурентно производство на добиточни производи.

Македонскиот агрокомплекс има сериозни пазарни проблеми. Познато е какви се нашите природни предности за примарно земјоделско производство, кои овозможуваат понуда на производи со висок квалитет како за директна потрошувачка така и за процесуирање како што се:широк асортиман на градинарски производи, најважните видови овошје, лозарство, тутун, овчарски производи посебно јагнешко месо. Посебно место во асортиманот можат да имаат раните градинарски култури во заштитен простор. Меѓутоа сите овие производи ја надминуваат домашната порошувачка и се ориентирани за извоз, а конкуренцијата како и протекционизмот од развиените земји се голем предивик.

За да можеме со успех да извезуваме, мораме да ги прифатиме највисоките стандарди. Европската аграрна политика, Пазарот на Европската унија, но и другите пазари ,следејќи ги националните интереси. Кандидатскиот статус во ЕУ претставува период на прилагодување за рамноправно членство. Неговата должина ќе зависи најмногу од усогласување на стандардите, законите и прописите кои се однесуваат како на примарното земјоделско производство исто така и на преработките, односно целата прехрабрена индустрија.Зачленувањето во ЕУ не е гаранција дека во глобалниот светски систем нема да бидеме губитници.Затоа е апсолутно потребно постојано пратење на збидувањата на светскиот пазар на стоки, на технологија на капитал и на сите други компоненти кои ќе ни овозможат да бидеме во чекор со развиениот свет и да обезбедуваме одрлжлив развој.

Реално е очекувањето, државата да издвојува повеќе средства за подршка на земјоделството. Исто така е реално очекувањето дека ќе има релативно високи суми средства од ЕУ по здобивањето со статус на земја преговарач. Не е доволно да се имаат средства за подршка на земјоделството, многу е важно да се подржуваат оние гранки и производи кои се од најголем национален интерес.

Без продлабочени анализи и пресметки не може реално да се оцени кои производи или гранки и кои бизниси треба да имаат предност при распределбата на средствата наменети за подршка на земјоделството. Македонија троши големи суми на средства за увоз на храна, (740,6 милиони долари 2018 год ).  

Со извоз на храна, увозот на храна го покрива само со 50,8%. Ако се погледа односот помеѓу извозни и увозни групи производи ќе се види дека суфицит има само кај овошје и зеленчук.

Глобални насоки.Пред се треба да се зголемува вкупното производство, а особено  на оние култури ( производи ) за кои имаме споредбена предност. Колку повеќе го зголемиме производството во блиска иднина толку посигурно ќе можеме да ги заштитиме нашите интереси во ЕУ.

Преструктуирањето во однос на производите е потребно да се направи групирање во три групи: производи кои можат претежно да го задоволат домашниот пазар; производи кои се наменети претжно за извоз, воглавно тутун и цигари, вино, јагнешко месо, овошје и зеленчук;третата група би била производи за кои немаме најдобри природни и други услови и кои натаму ќе се набавуваат на светскиот пазар.

Преструктуирањето на извозот во однос на земјите увозници на наши производи треба да се насочува по следниот редослед: пазарот на Европската Унија;пазарот на Балканските земји;  источниот пазар( Русија, Украина и други),  пазарите  во Азија и Африка.

Важен аспект е подобрување на условите за рационално користење на ресурсите во земјоделството, за да се зголеми производсвото.Тука треба да се има во предвид следното: намалување на необработените ораници, кои заедно со угарите ( како најпримитивен систем ) достигнуваат до 30% од ораници и бавчи,потребно е државата посмело да навлезе во проблемите на трошоците за производство и висината на заштитата на доходот на земјоделците, но во мерка која не ги нарушува пазарните односи, улогата на фондовите во периодот пред интегрирање(во ЕУ) треба да се зголемува. Полното и ефективно користење на предпристапните фондови на ЕУ .

Идниот развој многу ќе зависи од тоа како ќе се искористат средствата и од буџетот на државата. Искуството од други земји покажува дека голем дел од средствата се користат за подршка за крупни земјоделски стопанства. Тоа беше предизвикано од формулите за тристрано учество, поради што малите земјоделски стопанства не беа во состојба да го обезбедат. Исто така се покажа дека процедурата за одобрување средства е доста сложена, како заради барањето голем број на документи, така и поради разработка на проектите. Услов е проектот да биде изработен од експерти во таа област. Тоа чини релативно скапо зошто исто така малите фирми не беа во можност да конкурираат за проекти.

Градењето на современа техничка и технолошка инфраструктура на земјоделството е насока во која ќе се ангажираат повеќе средства, но тоа ќе има подолготраен ефект врз земјоделството.

Сметаме дека заслужуваат подетално внимание две области за кои кај нас се уште не се прави доволно, но секако ќе дојде на дневен ред во времето на преговорите за интеграција.

Првата област е развој  на кооперативни услуги. Овој вид коперативи се масовно раширени во развиените земји. Градењето на такви кооперативи со сопствен капитал на малите земјоделци е скоро невозможно поради недостиг на сопствени финансиски средства и неможност да користат  кредити. Затоа е улогата на државата од особено значење. Државата ќе мора да се заложи дел од структурните фондови и потенцијално од ИПАРД, да се пренаменат за решавање на овие проблеми.

Втората област е развивање на современи фарми. Нашите природни и климатски услови се слични на тие од други Европски земји, што значи дека во земјоделството, и производната и организационата структура треба да бидат слични. Поради маломерната површина на сопствениците на земјата, основната организациона форма е утврдена како семејна фарма на Европските земји. Карактеристика на семејните фарми е дека стопанството е надвор од населените места. За да може тоа дасе направи кај нас, потребни се огромни финансиски средства за градење на инфраструктурата – патишта, електрификации, водоснабдување и сл. што е во компетенција само на државата.

Нашите производи на светскиот пазар имаат сериозен проблем со квалитетот особено со трговскиот квалитет, за која цел мора да се забрзаат процедурите за здобивање со сертификатoт за квалитет и безбедна храна.

Проблемот со распарченоста на површините на земјоделците и нивното окрупнување може да се решава на повеќе начини, но најголеми и брзи ефекти можат да се постигнат преку слободен пазар на земјоделското земјиште и комасацијата како мерка подржана од државата.  

 

Проф. Др. Борис Анакиев


Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок