ПроКредит Банка: 10 години одговорно банкарство за граѓаните
Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2013
ПроКредит Банка, прослави 10 години од своето работење во Македонија, заедно со клиентите, соработниците и тимот на банката.
За 10 годишното постоење кредитното портфолио на Банката достигна близу 200 милиони евра а депозитното 164 милиони евра. Банката опслужува 12.000 бизнис клиенти и 69.000 штедачи и е банка со најдинамичен развој во банкарскиот сектор.
Многубројните гости беа поздравени од Јованка Јолеска Поповска - Генерален директор на ПроКредит Банка Македонија, Хелен Александер - Претседател на Надзорен одбор и нејзината екселенција Гудрун Штајнакер Амбасадор на Р.Германија во Македонија.
„10 годишното работење на Банката измина во промовирање на одговорно банкарство, унапредување на транспарентноста и инсистирање кон повисоки стандарди во банкарската услуга за единствена цел: поддршка и развој на многу малите, малите и средни бизниси и јакнење на довербата на граѓаните во банкарскиот сектор” – истакна Јованка Јолеска Поповска, Генерален директор на ПроКредит Банка.
Идните планови на Банката се уште посилна поддршка кон македонските бизниси и стремеж кон подобро општество: преку поддршка на развојот на македонските бизниси и промовирање на културата на штедење во државата.