ПроКредит Банка со пролетна понуда за професионалци: 24 часовно банкарство и најповолни кредити
Објавено во: Мои пари 06 Април, 2017 16:10
ПроКредит Банка воведува пролетна понуда за професионалци која вклучува 24 часа модерно банкарство и најповолни услови за кредитирање.
„Секој професионалец има потреба од модерно банкарство. Инвестиравме во софистицирано 24/7 банкарство кое станува лесно и едноставно за користење и им овозможува на физичките лица да посветат повеќе време на својот личен успех и кариера. Пролетната понуда за професионалци е одлична можност да им се приближиме на докторите, инженерите и професорите и да им понудиме целосно автоматизиран концепт на банка, а не засебни банкарски производи.” –изјави Наташа Шапкалиевска, Раководител на дел од деловната мрежа на ПроКредит Банка.

Професионалците како лекарите, инженерите, професорите
и архитектите имаат динамична професија, не познаваат фиксни работни часови,
ниту пак, можат однапред да ги планриаат дневните обврски. Токму поради тоа, автоматизираната
услуга на ПроКредит Банка може да понуди друга алтернатива: услуга од работа или дома преку
електронско банкарство, 24 часа достапност до готовина во денари и евра, како и
персонализирана услуга од соверник за клиенти. Специјализирани советници за
клиенти стојат на располагање на клиентите за советувања во поглед на кредити и
штедење и сите услуги се прилагодени согласно потребите на клиентот.
Како уникатни предности кои може да ги уживаат клиентите од 24 часа модерно банкарство се:
· 24/7 пристап до сметките
· Уплата и исплата на денари и евра во секое време
· Пристап до штедна сметка со картичка
· Една картичка за сите сметки на клиентот
· Модерна платформа за е-банкарство со можност за плаќање во земјата и странство
· Плаќања во земјата БЕЗ ПРОВИЗИЈА преку е-банкарство
· Сет банкарски услуги
· Личен советник за клиенти
· Зони 24/7 кои се на сигурни, безбедни и осветлени локации со паркинг и мониторинг 24/7
“Советниците за клиенти во ПроКредит Банка се професионалци во својата дејност. Тие се специјално обучени да опслужуваат физички лица кои се во фаза на инвестирање или креирање заштеди и може да им понудат на клиентите совет за најсоодветена банкарска услуга во зависност од индивидуалните потреби.” –изјави Роска Аџиска, Раководител на дел од деловната мрежа на ПроКредит Банка.

Дополнително, пролетната понуда им нуди на професионалците кредити по
најповолни услови.
Станбен кредит:
· 3,5% фиксна каматна стапка за првите 5 години,потоа 5,2% + 6 месечен ЕУРИБОР, но не пониска од 5.5% каматна стапка за останатиот период
· 0% провизија при исплата
· Рок на отплата до 25 години
Кредит за еко реновирање:
· 6% фиксна каматна стапка за првите 5 години,потоа 2% + Т-билс не пониска од 6.5% каматна стапка за останатиот период за МКД
· 6% првите 5 години,потоа 5.5% + 6 месечен ЕУРИБОР не пониска од 6% каматна стапка за останатиот период за ЕУР
· 0% провизија при исплата
· Рок на исплата до 15 години во ЕУР и 8 години во МКД
Дозволено пречекорување на сметка/ Кредитна картичка:
· 7,5% каматна стапка
· Износ до три плати
Потрошувачки кредит:
· 7% фиксна каматна стапка за првата година,потоа 6% + Т-билс не пониска од 9% каматна стапка за останатиот период.
· Рок на исплата до 8 години
Повеќе информации за пролетната понуда може да проверите на http://pcb.com.mk/ или во една од експозитурите на ПроКредит Банка.

Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




