ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Деновиве ќе имаме дожд и пад на температурите
Објавено во: Македонија 12 Април, 2021
Се очекува промена на времето идните денови. Ќе следи пад на температурата, а нови врнежи од дожд и од снег на планините најавуваат метеоролозите од утре во наредните денови, како и за крајот на неделава.
Од УХМР информираа дека под влијание на влажен бран од утре ќе има зголемување на облачноста. Утре и во среда ќе имаме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи. Локално се очекува да наврнат повеќе од 15 литри на квадратен метар. Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег. Во петок ќе следи преодно стабилизирање на времето.
Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, a на планините од снег се очекува за викендот. Oваа година во април имавме врнежи од снег низ државата.