22 Ноември, 2024
0.0303

Михаeл Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП

ИНТЕРВЈУ СОЛТЕР: Промените треба да се искористат за изнаоѓање на подобри алтернативи во секојдневниот живот

Објавено во: Економија, Мои пари 20 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Да ме прашавте пред неколку месеци дали ваква пандемија може да го промени начинот на живот, сигурно ќе одговорев со не. Но, оваа пандемија покажа колку како луѓе сме мали и колку треба да бидеме внимателни кон природата. Ова во интервју за Фактор го говори Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП. Во компанијата, вели тој, многу добро знаеме што значат промените, бидејќи константно бараме подобри решенија. Во Филип Морис на глобално ниво, па така и во Македонија, објаснува Солтер, работата беше ориентирана според потребите, имајќи ја на ум безбедноста на вработените, и оние кои можеа да ги вршат своите работни обврски од дома, тоа и го правеа и се уште го прават во моментов. Компанијата донела одлука дека нема да има никакви отпуштања во периодот додека трае пандемијата, на никого нема да му биде намалена платата и секој ќе може да ги искористи деновите од одмор. Во интервјуто Солтер зборува и дека една од најголемите поуки која сите ние треба да ја извлечеме, е дека треба да веруваме исклучиво на сигурни, докажани и легални производи, како и дека во вакви околности е многу важна улогата на државата...

Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19 создаде предизвик за целиот свет, а нашата земја за жал не беше поштедена. Главното прашање е како да се спасат човечките животи, но и како да се спаси стопанството и економијата. Речиси и да нема стопанска гранка која не е погодена од големата криза. Како Вие гледате на оваа ситуација?

Солтер: Пред неколку месеци да ме прашавте хипотетички дали ваква пандемија може да го промени начинот на живот, ќе Ви кажев сигурно не. Но, очигледно учиме дека многу малку знаеме за природата околу нас и дека треба да бидеме подготвени секогаш да го очекуваме и она што најмалку го посакуваме како сценарио. Оваа пандемија покажа колку како луѓе сме мали во овој еко-систем и колку треба да бидеме внимателни и кон самите себе и кон другите и се разбира кон природата. Промената е нешто што ние во Филип Морис многу добро го знаеме бидејќи кај нас има константни промени во барање подобри решенија кои сега ќе ги бараме во секојдневието. Наместо да имаме долги состаноци во канцеларија, ќе имаме кратки состаноци онлајн. Ќе држиме соодветно растојание и ќе внимаваме на личната хигиена што во принцип треба да биде така, ама никогаш не сме внимавале на некои нешта кои значат многу во моментов.

Кои промени моравте да ги направите во секојдневното работење во Македонија?

Солтер: За сите компании беше предизвик да се продолжи со работа во овие нови услови, а притоа да се сочува здравјето на вработените и во исто време да се одржи компаниската ликвидност и работните места. Во Филип Морис на глобално ниво, па така и во Македонија работата беше ориентирана според потребите, имајќи ја на ум безбедноста на вработените и оние кои можеа да ги вршат своите работни обврски од дома тоа и го правеа и се уште го прават во моментов. Здравјето и безбедноста на нашите вработени е врвен приоритет за компанијата.Нашата филозофија е дека нашите вработени го создаваат успехот на компанијата, па во ситуација на големи предизвици како овој со COVID-19, компанијата функционира во насока на целосна поддршка на вработените. Беше донесена одлука дека нема да има никакви отпуштања во периодот додека трае пандемијата, на никого нема да му биде намалена платата и секој ќе може да ги искористи деновите од одмор и да помине квалитетно време со своите блиски. Оваа ситуација бара исклучителна прилагодливост, па зошто би ја задушувале креативноста на вработените за иновативни решенија со прашања дали ќе ја задржат работата или пак дали после сите ограничувања во движењето ќе имаат денови од одмор да поминат со своите најблиски. Дополнително, се грижиме и за заедницата во која работиме и согласно можностите дониравме и медицинска опрема за потребите на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје.

Иако од аспект на логистика и синџир на набавка во услови на затворени граници, производството беше вистински предизвик, сепак немаше застој што е многу важно за секоја компанија која припаѓа на FMCG индустријата. Во вакви кризи, компаниите кои сакаат да опстанат треба да ги согледуваат можностите. Токму неодамна читав едно истражување на Stackline каде електронската трговија во некои индустрии е зголемена за неверојатни 600%. Како што спомнав, ова подразбира неверојатна брзина на прилагодување, дигитализација на сите процеси и храбро впуштање во иновации. Брзината на прилагодување на новата ситуација е клучот за зголемување на лојалноста на потрошувачите и зајакнување на имиџот и брендот на компаниите.

Кои се поуките за Вас од  оваа пандемија кои би требале да ги запаметиме кога сето ова ќе пројде?

Солтер: Можеби една од најголемите поуки која сите ние треба да ја извлечеме од COVID-19, а која ја искусивме на најтежок можен начин е дека треба да веруваме исклучиво на сигурни, докажани и легални производи. За брендовите и производите со висок квалитет ова е одлична прилика да се наметнат и да го прошират својот пазарен удел.

Оваа криза покажа и колку се важни науката, едукацијата и иновациите за квалитетот на секојдневното живеење. Иако Филип Морис со години работи со ,,полна брзина” да ги пресретне и да се адаптира на промените кои ги носи севкупната трансформација на компанијата кон нашата нова визија за иднина без чад, оваа криза беше вистински предизвик и за нас. Но, токму заради овие долгогодишни подготовки и промени на нашиот бизнис модел, успеавме многу брзо да се прилагодиме. Ние во промените гледаме чекор напред, сепак светот низ историјата се менувал токму поради науката и иновациите, поради промените во системот. Ако така сме еволуирале, на овој начин ќе успееме да одиме чекор понапред во нашиот развој со помош на дигитализацијата. Не верувам дека после сето ова ќе се вратиме на претходната нормала како што велите. Напротив, оваа криза сметам дека создаде една нова ситуација, една нова позиција каде само оние компании кои покажуваат голема флексибилност, прилагодливост, солидарност ќе продолжат да растат и да се развиваат. Меѓутоа, многу е важна овде улогата и на државата во воспоставување јасни правила на игра, како и поддршка и заштита на легалните бизниси, на оние кои го полнат буџетот и спречување на сивата економија во каков било облик, а која ако не се спречи може само да биде дополнително оптоварување за закрепнувањето на бизнис секторот. 

Како одговарате на ,,новото нормално”?

Солтер: Мораме да сфатиме дека животот никогаш нема да биде ист како порано, но факт е дека ќе расте трендот за поголема грижа за сопственото здравје.

Оваа нова реалност ќе налага и промени во многу индустрии. Но, и пред да се случи оваа ситуација која налага од компаниите да се менуваат, ние ја започнавме нашата трансформација кон градење на визија без чад. Така, во Филип Морис промените и иновациите веќе се еден вид на ,,ново нормално”. На пример, последниве години го менуваме и светот на тутунската индустрија со иновативни производи. Сфативме дека и покрај сите предупредувања за штетноста, пушачите продолжуваат да пушат. Затоа, за оние возрасни пушачи, кои очигледно не сакаат да се откажат од пушењето, важно е да се понуди подобар избор каков што е на пример IQOS (ајкос) кој, иако не е без ризик, испушта 95% помалку штетни состојки од оние кои пушењето ги носи со себе. На оваа технологија без чад работеа повеќе од 400 врвни научници и е инвестирано повеќе од 6 милијарди долари. Денес овој нов производ е достапен на повеќе од 53 пазари во светот.

А кога ќе дојде IQOS во Македонија?

Солтер: Многу брзо.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат