19 Февруари, 2025
0.0303

ПРОНАЈДЕНО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА - странски државјанин спасен откако пријавил во Германската служба за помош на пат

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Синоќа, беше пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора во координирана акција на АМСМ, МВР и на ЦУК, а по јавување на Германската служба за помош на пат. 

Изгубеното лице, бидејќи било странски државјанин и немало македонски телефонски број при животозагразувачката ситуација прво, за помош, се јавило во матичната држава, Германија, и така акцијата за негово спасување почнала, а потоа и успешно завршила во координираната акција за спасување. 

- По пријава од страна на дежурен вработен во АМСМ, а добиени податоци од Германската служба за помош на пат (којашто служба соработува и е слична со нашата АМСМ) во Центарот за управување со кризи ЦУК беше добиена информација дека е изгубено повозрасно лице (70 години – германски државјанин којшто зборувал и на турски јазик) после село Блаце, на планината Скопска Црна Гора во правец кон селата Брест и Танушевци, со координати дадени на АМСМ од страна на Германската служба за помош на пат. 

Лицето немало јадено веќе еден ден и истото било уплашено за својот живот во мракот во планината. АМСМ имале контакт преку Германската служба за помош на пат за состојбата на изгубеното лице, но во момент на координацијата со Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК) немале можност за контакт со лицето. 

Затоа од страна на АМСМ во ЦУК биле дадени и два странски телефонски броја од изгубеното лице. Во потрагата биле корисни и дел од информации добиени на 112 во ЦУК. 

Инаку, Регионалниот ЦУК Скопје, веднаш по вклучувањето во истрагата, известиле дека за пријавата, добиена околу 18:00 часот, за изгубеното лице на падините на Скопска Црна Гора бил воспоставен телефонски контакт со полициските станици (ПС) Мирковци и ПС Танушевци на коишто им била пренесена информација дека, согласно пројавените координати за изгубеното лице, истото е можно да се наоѓа во непристапен терен за што ќе има потреба од теренско моторно возило (со погон 4Х4) за да се стаса до лицето - соопштуваат од ЦУК.

Додаваат дека истовремено биле информирани и надлежните на Општина Чучер Сандево за нивно можно вклучување во потрагата согласно развојот на ситуацијата и потребите на потрагата. 

Од ЦИК на МВР известија околу околу 19.30 часот дека потрагата по изгубеното лице на падините на Скопска Црна Гора завршила успешно и дека лицето е пронајдено. 

- Успешно заврши потрагата по изгубено лице на планината Скопска Црна Гора во координирана акција на Германската служба за помош на пат, македонската АМСМ, МВР и на ЦУК.  При потрагата беше вклучен и Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК при што беа прибрани дополнителни информации (од роднини што информираа за случајот) што би било можно да бидат корисни при конкретната потрага. 

Изгубеното лице било заглавено на планинскиот пат претходно со патничко моторно возило (пмв) „тигуан“, црвена боја со германски регистерски ознаки. Според дополнителните информации изгубеното лице продолжило да се движи пешки во правец кон некоја куќа којашто ја забележал во далечината додека се стемнувало, на околу 15-тина километри оддалеченост од него, но не стигнал до неа и се изгубил, а по неговиот јавување за помош во Германија, акцијата за негово спасување почнала и успешно завршила во координирана акција на Германската служба за помош на пат, македонската АМСМ, МВР и на ЦУК - се нагласува во нивното соопштение

Можеби ќе ве интересира

ПРЕМИЕРОТ СЕ ПОФАЛИ – ДОБИВМЕ ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛОН ЕВРА: Прочистувачи на воздух од германска компанија

ПРЕМИЕРОТ СЕ ПОФАЛИ – ДОБИВМЕ ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛОН ЕВРА: Прочистувачи на воздух од германска компанија

Колку пари бара годишно врвен македонски ракометен клуб?

Колку пари бара годишно врвен македонски ракометен клуб?

„САМО СО СДСМ ОВАА НАША УБАВА МАКЕДОНИЈА СТАНА ДРЖАВА“: Костовски за Димитриевски, Мицкоски, Касами и Таравари

„САМО СО СДСМ ОВАА НАША УБАВА МАКЕДОНИЈА СТАНА ДРЖАВА“: Костовски за Димитриевски, Мицкоски, Касами и Таравари

ШУГАТА ПРИСУТНА И ВО ДОМОВИТЕ ЗА СТАРИ ЛИЦА: „Успешно се лекува со ивермектин, но во моментов го немаме овој лек“

ШУГАТА ПРИСУТНА И ВО ДОМОВИТЕ ЗА СТАРИ ЛИЦА: „Успешно се лекува со ивермектин, но во моментов го немаме овој лек“

„ЕДЕН ДЕН ОД ЖИВОТОТ ПОМИНАТ НА ОНКОЛОГИЈА“: Потресно сведоштво за секојдневната голгота на струмичанката Вања Андонова

„ЕДЕН ДЕН ОД ЖИВОТОТ ПОМИНАТ НА ОНКОЛОГИЈА“: Потресно сведоштво за секојдневната голгота на струмичанката Вања Андонова

„МОЖЕБИ Е ВРЕМЕ ЗАПАДОТ, ОДНОСНО ЕВРОПА, ДА ЗАМОЛЧИ И ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ НАСТРАНА“: Ванковска за преговорите меѓу САД и Русија

„МОЖЕБИ Е ВРЕМЕ ЗАПАДОТ, ОДНОСНО ЕВРОПА, ДА ЗАМОЛЧИ И ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ НАСТРАНА“: Ванковска за преговорите меѓу САД и Русија

„Е ИСТО ВАКВА СРЕДБА ОСТВАРИВ ЈАС СО ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ ВО 2004“: Јакимовски се пофали но и предупреди „оде воз у кукуруз“

„Е ИСТО ВАКВА СРЕДБА ОСТВАРИВ ЈАС СО ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ ВО 2004“: Јакимовски се пофали но и предупреди „оде воз у кукуруз“

ПАЦИЕНТКА ЗА ОНКОЛОГИЈА: Доста крадете, за каде ви се парите?

ПАЦИЕНТКА ЗА ОНКОЛОГИЈА: Доста крадете, за каде ви се парите?

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НЕА: Исчезна девојка од Скопје

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НЕА: Исчезна девојка од Скопје