19 Март, 2025
0.0410

ОВА СЕ НОВИТЕ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - предлози се на „Промедика“ и „Чеза Комерц“, кој ќе го контролира Управниот одбор?

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2025 11:33

Добивај вести на Viber

Горазд Поповски, како независен член, Сашко Бошков, Олга Павлова, и Горан Марковски како независен член. Тие ќе бидат нови членови на Надзорниот одбор на „Македонијатурист“, соопшти компанијата преку Македонската берза, откако вчера се одржа вонредното акционерско собрание на таа компанија.

Ова значи дека за овие членови всушност гласале мнозинството акционери на седницата на Собранието, кое се одржа на предлог на Скопски пазар.

Да видиме всушност кој ги предложи овие нови членови на Надзорниот одбор на најголемата хотелиерско-угостителска компанија во земјава, односно интересите на кои акционери тие ќе ги застапуваат во управувачкото тело на тоа акционерско друштво.

Имено, како што веќе има пишувано Фактор, Скопски пазар предложи само еден член и тој како надворешен за член на Надзорниот одбор, а тоа берше Марјан Ѓорчев, искусен економист, поранешен градоначалник Кисела Вода, лице со долгогодишно политичко искуство како член и потпретседател, пратеник и министер на ВМРО ДПМНЕ.

Но, Ѓорчев не се најде во составот на Надзорниот одбор, што значи дека предлогот на Скопски пазар не поминал, што говори, пак, дека иако оваа компанија има најголем поединечен пакет акции во Македонијатурист, мнозинството од различни акционери не гласале за нејзиниот предлог.  

А, во НО ќе членуваат Олга Павлова и Горан Марковски, кои беа предлози на компанијата Чеза Комерц. Таа фирма поседува  6,37 отсто од акциите на компанијата, но мора да се наведе и дека акционерот Симеон Павлов кој поседува 10,5 отсто, е исто така и еден од сопствениците на „Чеза комерц“.

Олга Павлова е менаџер за продажба во Чеза Комерц и има импресивно образование кое се состои од диплома на менаџмет и меѓународна економија на Универзитет во Италија и постипломски студии по менаџмет во Лозана Швајцарија.

Горан Марковски, пак, е главен извршен директор на КБ Публикум, друштво што управува со шест инвестициски фондови со актива поголема од 100 милиони евра, според најновата објавена нето вредност на сите шест отворени фондови. Инвесторската заедница Марковски го препознава и како прв македонски портфолио менаџер со реномираниот сертификат CFA за финансиски аналитичар.

Сашко Бошков и Горазд Поповски, пак, се предлози на „Промедика“, која поседува 11,9 отсто од акциите во „Македонијатурист“. Сашко Бошков е адвокат од Штип, а новиот независен член на Надзорниот одбор е Горазд Поповски, директор на сектор за правни работи во Стопанска банка Скопје.

Иако за членови на Надзорниот добор не поминаа предлозите на еден од најголемите акционери, М.Г. Фешн, се очекува дека од таа компанија ќе се изнедрат предлози за членови на Управнуиот одбор на компанијата, бидејќи таа, според наши информации, има поддршка и од најголемиот број други акционери од компанијата.

Инаку, членовите на НО ќе земаат солидни месечни паушали за својата експертиза што ќе ја дадат во тоа тело и тоа, за претседателот на НО ќе следуваат две просечни месечни нето плати исплатени во друштвото во последните три месеци, потоа за членовите на НО по една просечлна месечна нето плата исплатена во друштвото во последните три месеци, а за независните членови по 90 отсто од просечната месечна нето плата исплатена во друштвото во последните три месеци.

И, уште она што треба да се каже е дека од вчерашното Собрание на акционери од членови на НО се отповикани Доне Таневски, Владо Богдановски, Верица Хаџивасилева-Марковска, како и независниот член Ѓорѓи Јанчевски.

Треба да се каже и дека Доне Таневски по неколку децении заминува од најголемата хотелиерска компанија во Македонија. Заминува побогат за 20 милиони евра од продадените акции и тоа по цена што другите само можеа да ја сонуваат.

Сега останува да се види како новите акционери ќе се договорат околу тоа кој ќе биде нов директор на „Македонијатурист“.

Инаку, „Скопски пазар“ заедно со „Современ дом“ контролира околу 109.000 акции, но еве, се испостави дека засега не се наметнува како компанија која ќе одлучува, иако има најмногу гласови.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАДАТА РАЗРЕШУВА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈА ЗА ПОШТИ - не ги исполниле зацртаните цели

ВЛАДАТА РАЗРЕШУВА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈА ЗА ПОШТИ - не ги исполниле зацртаните цели

Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

ДОБРИ ДОМАЌИНИ ЗА ДОБРОТО НА КОМПАНИЈАТА - „Реплек“ ќе дели добра дивиденда, ама не се „расфрла“, еве колку ќе земат главните акционери

ДОБРИ ДОМАЌИНИ ЗА ДОБРОТО НА КОМПАНИЈАТА - „Реплек“ ќе дели добра дивиденда, ама не се „расфрла“, еве колку ќе земат главните акционери

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика