19 Март, 2025
0.1274

КОЈ ПЛАТИ 920 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА УПРАВУВАЧКИОТ ПАКЕТ НА СТОКОВНА КОРЗО БИТОЛА - какви се плановите на инвеститорот со некогашниот симбол „Јавор“

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

За сума од близу еден милион евра се продаде управувачкиот пакет акции на компанијата „Стоковна куќа“ Корзо, односно Јавор од Битола.

Практично, според податоците од Македонската берза за долгорочни хартии од вредност, вчера преку блок трансакција на Берзата беа продадени 91.452 акции на Стоковната куќа Корзо Битола, што е 58,45 отсто од основната главнина на компанијата, однсоно од вкупниот акционерски капитал. 

Постигнатата цена при оваа блок трансакција е 618,69 денари по акција, што значи дека за тие над 58 отсто од акциите е платена сума од 56,6 милиони денари, односно нешто повеќе од 920 илјади евра.

Тоа значи дека купувачот кој вчера покажа дека има на располагање 920 илјади евра за оваа фирма, практично станува управувачки сопственик на Стоковна куќа Корзо Битола, бидејќи ќе има над 51 отсто од капиталот, односно најмалку 58,5 отсто од акциите. 

Според податоци кои можат да се најдат за оваа компанија, согласно завршната сметка од 2022 година, таа во текот на 2022 година имала остварено вкупни приходи од само 84 илјади евра, додека, пак, нејзината добивка е сосема незначителна, само околу 260 евра. 

Зошто инвеститорот реши да плати близу еден милион евра за управувачкиот пакет на компанија со вакви приходи и добивка? 

Со оглед што станува збор за фирма која е на слободниот пазар, таа нема обврски да дава некакви известувања на Берзата, а за нејзината досегашна сопственост не можат да се најдат ниту податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност. Тоа значи и дека е тешко за очекување да се дознае кој ќе биде новиот сопственик на над 58 од акциите на оваа компанија, доколку тој самиот  не сака тоа да и го обелодени на јавноста.

За компанијата се знае само дека вкупно има издадено 156.466 акции, како и дека со акциите на таа компанија во изминатава година немало ама апсолутно никакво тргување на редовниот пазар, туку само се случи вчерашната блок трансакција. 

Од податоците кои можат да се најдат за Стоковната куќа Корзо или Јавор од Битола е дека станува збор за акционерско друштво за производство, трговија на големо и мало и услуги, основано на крајот на далечната 1992 година. За оваа компанија како главна дејност е наведена издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп, односно лизинг. 

На оваа фирма, според истражувањето, низ годиниве и опаѓале и приходите, и добивката, а тие се најниски во 2023 година. Таа фирма има висока бонитетна оценка, А+, нејзината банкарска сметка е активна, а за неа е наведено дека има само двајца вработени.

Во 1998 година врз таа компанија била отворена стечајна постапка, но претходно бележела и успешно работење.

Стоковната куќа Јавор во Битола бика пуштена во употреба во далечната1975 година, а е дело на познатите битолски архитекти Сотир Шундовски и Станко Буторац. На почетоците имала многу успешно работење.

Во 2018 година медиумот Бабам Битола за Стоковната куќа Јавор напиша дека „Јавор беше архитектонското чудо на југословенските простори во далечната 1975 година“. 

„Постоечкиот архитектонски објект, стоковната куќа „Јавор“ во Битола, е дел од колективната меморија кај населението од овој град, и е централен сегмент во ланецот на стоковни куќи изградени во Битола во почетокот на ХХ век. И припаѓа на модерната архитектура. Со својата местоположба во централното градско подрачје, во непосредна близина на старата битолска чаршија, објектот претставува значаен јазол во кој се преплетуваат многу културни слоеви и времиња, и е изграден аналогно на другите стоковни куќи во тоа време... Објектот има вкупно пет нивоа – катови: подрум, приземје, прв и втор кат како и трет кат кој денес не функционира. Во својата внатрешност објектот е поделен на два дела: трговско-услужна дејност и административно-технички дел, кои се наоѓаат на сите нивоа, освен третиот кат кој е недостапен.... Стоковната куќа Јавор е синоним за успешноста и подемот на Битола пред точно 45 години. Јавор сега ни е нем сведок на едно модерно и успешно време кое го доживеа нашиот град, но во исто време ни е потсетник на нашето стагнирање бидејќи после него и во денешните модерни времиња Битола нема ниту еден Сити Мол или голема модерна стоковна куќа како по примерот на многуте големи градови во Македонија и околните земји“, се вели во текстот кој го објавиле Бабам Битола во 2018 година. 

Веројатно и во овој факт, што се работи за објект во центарот на градот, можат да се бараат мотивите на инвеститорот кој плати 920 илјади евра за управувачкиот пакет на компанијата, и кој веројатно ќе планира сериозни инвестиции на таа локација и објект, но каков точно е неговиот инвестициски план, веројатно ќе се открие многу бргу. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАДАТА РАЗРЕШУВА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈА ЗА ПОШТИ - не ги исполниле зацртаните цели

ВЛАДАТА РАЗРЕШУВА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈА ЗА ПОШТИ - не ги исполниле зацртаните цели

Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

ДОБРИ ДОМАЌИНИ ЗА ДОБРОТО НА КОМПАНИЈАТА - „Реплек“ ќе дели добра дивиденда, ама не се „расфрла“, еве колку ќе земат главните акционери

ДОБРИ ДОМАЌИНИ ЗА ДОБРОТО НА КОМПАНИЈАТА - „Реплек“ ќе дели добра дивиденда, ама не се „расфрла“, еве колку ќе земат главните акционери

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика