15 Декември, 2025
0.0297

СЕ ТРАГА ПО ЧЕТВОРИЦА ИДНИ ДИРЕКТОРИ НА ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ – Владата распиша оглас, еве кои се условите и кои позиции ќе се пополнуваат

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2025 11:21

Добивај вести на Viber

Владата распиша оглас за пријавување кандидати кои би раководеле со четири институции во државата. На веб страната на Владата објавени се огласи за пријавување кандидати за директорските места на Агенцијата за храна и ветеринарство, за Државен санитарен и здравствен инспекторат, ќе се бара нов директор и за инспекторатот за локална самоуправа, како и за Државниот пазарен инспекторат.

За кандидатите за директори условите се скоро исти, како и за повеќето раководни позиции во земјава.  Идните директори мора да се државјани на Република Македонија, во моментот на именувањето не смеат да имаат изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност. Секако кандидатите треба да имаат високо образование и солидно познавање на англиски јазик или друг светски признат јазик со меѓународно признат сертификат.

Идините директори на Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат мора да имаат најмалку пет години искуство во областа. Дополнително директорот на санитарниот инспекторат мора да има високо образование од областа на медицината.

Што се однесува пак до кандидатите кои би сакале да конкурираат за директорските позиции на Државниот инспекторат за локална самоуправа и Државниот пазарен инспекторат мора да знаат дека Владата одредила оти идните директори мора да имаат шест години искуство.

За директорската позиција на пазарниот инспекторат, кадидатите треба да имаат завршено високо образование од областа на економијата, правото, бизнис, администрацијата, машинската, електротехничката, технолошката струка или друга соодветна струка поврзана со надлежностите од членот 8 од Законот за државен пазарен инспекторат.

Но, покрај овие услови, Владата бара заинтересираните кандидати да пополнат и посебен образец со кој треба да го опишат кариерниот развој во последните 10 години. Но и да го наведат досегашното знаење за законите и актите кои ја уредуваат директорската позиција за која конкурираат. Воедно кандидатите ќе треба да посочат и свои концепти и модели за управување со институцијата, особено за првата година од работењето. Се бара и други познавања на областа која се уредува, а деталите може да ги видите на овој линк. 

Платата за овие директорски позиции не се објавена, но во огласите се напоменува дека „коефициентот за пресметување е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија“.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите