Добивај вести на Viber
Изминативе три дена се расчистува дивиот пазар каде што се препродаваа старите работи, сместен под Скопското Кале и во непосредна близина на Царинската управа и базенот Плаја Виста.
Расчистувањето го прави општина Центар, по претходни пријави за отпадот, шутот и непријатната миризба од Царинската управа.
Станува збор за површина од 10.000 метри квадратни, од која досега се собрани над 200 метри кубни отпад, кој се носи на депонијата Дрисла, а овој простор ќе биде затворен за движење.
Акцијата се реализира со две градежни машини-утоварувачи, три 10-тонски камиони и два помали камиони, а 50-тина работници го чистат сметот и ќе го уредуваат теренот, појаснија од општина .