Прва теорија после црната кутија: Поради пукнатини на стаклото загинале 150 луѓе?
Објавено во: Свет 26 Март, 2015
Трагичната несреќа на патничкиот авион на компанијата „ЏерманВингс“ можеби ја предизвикала пукнатина на предното стакло после кое пилотите останале без кислород. Откако спасувачите успеале да дојдат до црната кутија на вионот на француските Алпи, се верува дека несреќата ја предизвикала пореметување на структурата на Ербасот А320 кое довело до тоа тој да падне во планината.
Останатите можни причини за оваа трагедија се грешка на пилотите, лошо време и тероризам, но откако е пронајдена црната кутија, има сомнение дека главна причина сепак е пукнатина на предното стакло на авионот, пренесуваат западните медиуми. Ако пукнало стаклото, пилотот и копилотот би останале без кислород, што би можело да го оправда слободниот лет на висина од преку 11 500 метри пред да се урне.
Во тек се детални анализи на црната кутија. Авионот од радарот исчезнач 45 минути откако полетал од Барселона кон Дизелдорф во вторникот наутро.
Потврдено е дека нема преживеани. Од моментот на оваа несреќа, компанијата „ЏермаВингс“ била принудена да откаже многу закажани летови откако екипажот одбил да лета.