20 Мај, 2024
0.0299

Првата меѓународна конференција за менaџмент со човечки ресурси во спортот: Професионалната едукација е клучна за целиот тим

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Професионалната едукација во спортот е  клучна за поголем успех на целиот тим, проектот VET4Sport им помага на тренерите да се стекнат со вештини со кои ќе ги мотивираат играчите, ќе промовираат етички и морални вредности, ќе можат подобро да менаџират, да влијаат позитивно врз малдите спортистите, ова се само дел од залучоците за програмата на денешната прва меѓународна конференција за менаџмент со човекови ресурси во спортот која се оддржа во Хотел Хилтон.

Програмата ВЕТ4СПОРТ, е иновативна во користењето  техники од менаџментот со човечки ресурси и коучинг пристап во предавањата,и истата ќе придонесе за градење на капацитетите и зајакнување на улогата на тренерите во развојот на младите генерации и унапредување на состојбите во спортот, велат од Македонската асоцијација за човечки ресурси, која вооедно е и носител на проктот.

На конференција посветена на професионалната едукација во спортот, пред пошироката спортска јавност од земјата, како и пред 50 тина претставници од партнерските земји Грција, Италија и Австрија, се обратија претседателите на организации кои го подддржуваат овој проект.

Проектот пред присутните го претстави координаторот на проектот Христина Лозановска, но свое обраќање имаа и  Муамед Сејдини од Фудбалската федерација на Македонија,  Васил Тупурковски од Македонскиот олимписки комитет, Дарко Петровски од  македонската асоцијација за човечки ресурси, во агендата се вклучени и друг врвни спикери од УЕФА, доктори  по спортска медицина и  фудбалски ветерани кои имаа свои излагања за трендовите во едукацијата на спортските тренери.

Во рамки на две годишниот меѓународен проект за едукација во спортот (http://vet4sport.com/), кој се спроведе со поддршка на Еразмус + програмата на Националната агенција за европски програми и мобилност, беше направено истражување на состојбите и програмите за професионална едукацијата на спортските работници во четири европски земји.

Резултатите покажаа дека предизвиците кои се поврзани со воведување модерни пристапи во управувањето со човечкиот капитал и градењето на вредностите на културата во спортот се секаде присутни и потребно е да се понудат модерни пристапи кои на тренерите ќе им помогнат да го зајакнат личното лидерство и вештините за работа со луѓе.

Оваа недела се одржа неколкудневна обука врз основа на ВЕТ Програмата, на која домаќин беше Фудбалската Федерација на Македонија. Покрај актуелните теми, и размената на искуства во текот на предавањата, беше неверојатно да се гледа како преку фудбалот како заеднички јазик се поврзуваат припадници на различни земји и култури заради заедничкиот интерес градење на младите генерации во фудбалот. Ова неверојатно искуство буди надеж дека  нашата земја се приклучува кон новата ера во спортот со актуелизирање на теми како што се: едукација, вредности, лидерство, позврзување и пријателство, за подобра грижа за идните генерации во рамки на заложбите за подобрување на состојбите во спортот. Соработката секако ќе продолжи“,  заклучи проектниот координатор  Христина Лозаноска.

Носител на овој проект е Македонската асоцијација за човечки ресурси, како главен партнер во соработка со Фудбалската федерација на Македонија и партнерски организации од Грција, Италија и Австрија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража