29 Март, 2024
0.0530

ПРВИ ВО СВЕТОT: Oваа земја воведува бесплатен јавен превоз

Објавено во: Стил 06 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Луксембург ќе стане првата земја во светот со бесплатен јавен превоз. 

Весникот Гардијан, пишува дека повторно избраната коалициска Влада на чело со Ксавиер Бетел планира да го укине плаќањето на превозот во возовите, трамваите и автобусите и тоа уште следното лето.

Демократската партија на Бетел, која ќе формира влада со левичарската партија на Социјалистичките работници и со Зелените, се обврза дека животната средина ќе ѝ биде приоритет.

Градот Луксембург, главниот град на земјата секогаш има метеж во сообраќајот. 

Во градот живеат околу 110.000 луѓе, но уште околу 400.000 луѓе секојдневно доаѓаат на работа. Студијата спроведена во градот покажува дека возачите во градот просечно поминувале 33 часа во сообраќајните метежи во 2016 година.

Целата земја има 600.000 жители, но околу 200.000 жители од пограничните региони во Франција, Белгија и Германија секојдневно доаѓаат во Луксембург да работат.

Средношколците имаат слободно возење од училиште до дома.

Владата на Луксембург летово веќе воведе бесплатен јавен превоз за секое дете и за сите помлади од 20 години. 

Лицата кои работат во градот плаќаат 2 евра за два часа возење со јавен превоз. Овие два часа ги покриваат скоро сите локации во земјата, сооглед дека нејзината површина е 2590 квадратни километри.

Сепак, од 2020 година Владата ќе го укине плаќањето на јавниот превоз, а некои детали допрва треба да се решат. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи