07 Октомври, 2024
0.0357

Првиот инспектор на Град Скопје најави повеќе казни за загадувачите

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Мирослав Богдановски, главниот инспектор на Град Скопје, најави поголеми казни за индустриските капацитети кои загадуваат во грејната сезона што следува, иако во интервју за „Мета“ вели дека не е задоволен од капацитетите кои ги има градскиот инспекторат.

– Ќе видите какви и колкави казни ќе има за прекршителите. Досега имавме премалку случаи на казнување во однос на тоа колкав град е Скопје и колкаво е загадувањето. Оваа зима ќе биде многу интензивен тој процес на инспектирање и граѓаните ќе можат да видат многу зголемени контроли над индустриските капацитети кои се под наша надлежност бидејќи во Скопје има многу такви објекти чии емисии од оџаците ги надминуваат граничните вредности. Еден типичен случај кога интервениравме беше поради црн чад од оџакот на зградата на ЈП Македонски шуми. Веднаш пративме инспектори, беа измерени повисоки од дозволените вредности на емисиите, беше петок, луѓето за време на викендот викнале мајстори и се испоставило дека било потребно штелување на бренерите, значи количеството воздух при согорувањето не било соодветно. Такви случаи, кога со интервенција на инспекцијата едноставни технички интервенции може да се ублажат штетните емисии воопшто не се реткост, најавува тој.

Во наредниот период најави и кадровски промени заради поефикасно превентивно делување против загаденоста.

– Во октомври кадровски ќе се доекипираме, а некои од инспекторите ќе бидат прераспределени на други места поради тоа што не ги исполниле зададените обврски па дури и опструирале. Веќе година дена се молиме со некои луѓе да покажат иницијатива и да пронаоѓаат прекршители. Тринаесет години Градската инспекција немала раководител и некои луѓе потешко се соочија со поинаков начин на работа, а јас не сум задоволен од резултатите. Инспекторатот за 40 инспектори има во моментов 5 возила, ниту едно не е теренско, ама барем имаме за првпат после многу години две нови. Потегнавме измени на околу 15 закони – Закон за јавна чистота, Закон за животна средина, Закон за спорт, за туризам и угостителство… Сите барани измени се во насока на зголемување на ингеренциите на градските инспектори кои би постапувале против прекршителите, вели Богдановски.

Додава дека се чека усвојување на измена на правилникот од надлежното министерство со кој овозможи поопфатен надзор над печките во индустриските погони.

- Она што ни е посебно важно, минатиот декември инициравме измена на правилникот за гранични вредности за печки до еден мегават, кој досега им оневозможуваше на инспекторите да пишуваат прекршочни казни, а кој уште не е усвоен во Министерството за животна средина иако е документ од една страница. Процедурата на пеглање на предлогот е веќе завршена и само чека потпис од министерот. Инспекторите со години биле со врзани раце за да казнуваат загадувачи токму со овој правилник, па сепак никој до сега не иницирал негова промена. Сите молчеле, додава Богдановски.

Најави дека и оваа година ќе се снима теренот со дрон за пронаоѓање на црните точки и сомнителни активности, со што би се зголемила ефикасноста на инспекцијата.


Можеби ќе ве интересира

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме