30 Април, 2024
0.0254

ПРВИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ОМИКРОН БЕА ЗАСТРАШУВАЧКИ, А СЕГА ДАВААТ НАДЕЖ - но, дали не е прерано да се избрзува со заклучоци

Објавено во: Свет 08 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Првите извештаи за брзото ширење на сојот омикрон во Јужна Африка на почетокот беа застрашувачки, но потоа почнаа да даваат одредена надеж.

Новата варијанта можеби брзо ги надмина другите видови на вирусот во Јужна Африка, каде што започна летото, но случаите на Ковид-19 се чини дека досега беа исклучително благи.

Потоа следеше извештај кој покажува дека сојот носи парче генетски материјал кој е многу сличен на сегменти од коронавирусот што предизвикува обична настинка и се нарекува HCoV-229E. Неколку истражувачи рекоа дека ова може да укаже дека овој вид повеќе личи на непријатност отколку на голем убиец, пренесува CNN.

Тоа е примамлива идеја. Многу експерти за заразни болести предвидуваат дека новиот коронавирус, наречен САРС-КоВ-2, ќе оди во таа насока, ќе се развива во поблага форма што се приклучува на годишната мешавина на сезонски респираторни вируси. Дали ова може да биде вид што оди по тој пат?

Рано е да почнеме да размислуваме за тоа, изјавија неколку експерти за CNN. Прво, овој сегмент од генетскиот материјал може да личи на дел од вирусот на настинка, но многу е тешко да се каже дека SARS-CoV-2 почна да еволуира во нешто поблаго.

„Дури и да се претпостави дека вметнувањето потекнува од вирусот на настинка, веројатно повеќе нема да личи на вирусот на настинка. Тоа е мало парче генетски материјал и можеби не мора да биде дел од вирусот што ќе влијае на неговата вирулентност“, рече вирологот Роберт Гари од Медицинскиот факултет на Универзитетот Тулејн.

„Идејата дека оваа варијанта е поблага е чиста шпекулација. Нема причина да се мисли така“, вели Мајкл Вороби, кој го води одделот за еволутивна биологија на Универзитетот во Аризона.

Дополнително, немаше доволно време да се потврди дека омикронот предизвикува претежно лесна болест. Потребни се два дена до две недели за да се развијат симптомите по изложувањето на коронавирусот. Немаше доволно време да се открие колку е веројатно дека Омикрон ќе предизвика тешка болест, вели д-р Вилијам Шафнер, медицински директор во Националната фондација за инфективни болести и специјалист за заразни болести на Универзитетот Вандербилт.

„Има разлика помеѓу надежта и реалноста. Добро е да се надеваме, но прерано е да се заклучи дека омикрон предизвикува само благи инфекции. Ние ги немаме тие податоци“, изјави Шафнер за Си-Ен-Ен.

Податоците од Јужна Африка, првата земја што го забележа видот омикрон, изгледаат ветувачки.

„Немаме многу тешки случаи. Сакам да ве предупредам дека за ова знаеме само една недела, но податоците во оваа фаза ни кажуваат дека случаите се генерално благи. Треба да се биде многу внимателен во толкувањето, бидејќи тешките случаи обично треба да се развијат по две до четири недели, така што тешките случаи може да следат подоцна“, рече д-р Салим Абдул Карим, јужноафрикански епидемиолог за заразни болести.

Шафнер ова го кажува малку поотворено: „Смртта е показател за доцнење. Потребно е време за да се појави сериозна инфекција“.

Др. Амеш Адаља, висок научник во Центарот за здравствена безбедност Џон Хопкинс, рече дека се надева оти омикрон ќе предизвика поблага болест: „Ова ја отвора можноста дека ова можеби не е толку лошо како што некои стравуваа. Тоа не значи дека не е лошо. Треба да се има предвид дека Јужна Африка има помлада популација“.

Според Универзитетот Џон Хопкинс, помладите луѓе имаат помала веројатност да развијат тешка болест од Ковид-19, која досега уби 5,2 милиони луѓе ширум светот и 789.000 во Соединетите држави. Но, повеќе луѓе се вакцинирани во САД отколку во Јужна Африка. Студиите за заштитата на вакцината од омикрон се во тек.

„Мислам дека може да се каже дека вакцината помага да се ублажи ефектот на сојот омикрон. Дури и ако вирусот ја заобиколи заштитата создадена од вакцината, одреден ефект ќе остане“, изјави Адаља за Си-Ен-Ен.

Извор: Индекс.хр

Можеби ќе ве интересира

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)