15 Јануари, 2025
0.0268

ПУХОВСКИ: Mожно е луѓето кои во неделата гласале за Милановиќ, да се степаат некаде во кафeана

Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Раскол има во ХДЗ. Ден по убедливата победа на Зоран Милановиќ на изборите за претседател на Хрватска, раководството на ХДЗ донесе одлука премиерот и претседателот на Собранието да не одат на заклетвата на Милановиќ, односно на инаугурацијата. 

„Зазедовме став, нема да честитаме, ниту ќе се изложиме, поради флагрантно кршење на Уставот, на апсурдна ситуација да ја слушаме заклетвата на Милановиќ кон Уставот откако тој ја прекрши во безброј наврати. Нема да одиме ниту јас ниту претседателот на Собранието“, изјави Андреј Пленковиќ во понеделникот по седницата на претседателството и Националниот комитет на ХДЗ.

Политичкиот аналитичар Жарко Пуховски вели дека во овој случај не се работи само за личен конфликт, туку за односот меѓу институциите.

„Какви и да се нивните меѓусебни односи и мотиви, за сите нас однадвор, тука се работи за односите на институциите. Па, така, владејачката партија, која го има парламентарното мнозинство, одлучи премиерот и претседателот на Собранието да не одат на таа инаугурација. Тоа се протоколарни работи за кои одлучува самиот претседател на Собранието. Но, се работи за тоа дека навистина е грд, непотребен и, пред сѐ, опасен потег“, рече Пуховски.

Тоа е, вели, продолжување на практиката што ја почна Милановиќ кога на првата инаугурација не му подаде рака на претседателот на Уставниот суд. 

„Тоа повеќе им одговара на малите момчиња од шесто и седмо одделение од основно училиште кога се караат во училишниот двор“, додава тој.

Пуховски вели дека ја разбира фрустрацијата на луѓето во ХДЗ по тешкиот пораз, особено по неуставното однесување на Милановиќ со години, но тоа не го гледа како оправдување да играат слична игра. Тој смета дека овој потег ќе доведе до дополнителна ескалација.

Според Пуховски, Милановиќ со својот помирувачки говор во изборната ноќ ја префрлил топката на ХДЗ, каде што не се подготвени да го признаат изборниот пораз. 

„Не гледам што би можело да се направи понатаму бидејќи, се сомневам, Милановиќ ќе го искористи ова и ќе каже дека нема да разговара со нив во следната пригода. Се доведовме до симболичен колапс, а бидејќи тоа се живи институции кои функционираат секојдневно, тоа доведува до колапс на некои елементи од секојдневниот живот, кои се суштински за одржување на заедницата. Затоа сметам дека одлуката што ја донесе ХДЗ е целосно погрешна“, вели тој. 

Сето тоа создава ситуација, во која, според Пуховски, ќе се негува хулиганското однесување на Милановиќ.

„Веќе денеска можно е луѓето, кои во неделата гласале за Милановиќ, да се степаат некаде во кафeана. Ги собра незадоволните од сите страни: и оние што имаат премногу ХДЗ и оние што имаат премалку ХДЗ. И се чини дека ХДЗ не е во состојба да прифати дека сè уште е водечка сила во државата, дека треба да го диктира темпото и да го прифати повикот на Милановиќ за соработка и да види до каде може да оди“, тврди Пуховски.

Милановиќ доби втор мандат како претседател.  Победата на Зоран Милановиќ на претседателските избори во Хрватска му даде ветер во грб на „сојузот на противниците на Брисел“ и ја зголеми поделеноста меѓу источните членки на ЕУ околу поддршката за Украина, оценува германскиот портал Eurointelligence, пренесува Бета.

Германската новинска агенција ДПА смета дека ова е „прилично срамен резултат“ за владејачката партија, Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и премиерот Андреј Пленковиќ, кој беше во голем конфликт со Милановиќ бидејќи тој ја блокираше намерата на владата да ја зајакне воената помош за Украина.

Можеби ќе ве интересира

ЗАБРАНА ЗА ВОЗИЛА ПРОИЗВЕДЕНИ ПРЕД 2011 ГОДИНА: Албанија презема мерки за почист воздух

ЗАБРАНА ЗА ВОЗИЛА ПРОИЗВЕДЕНИ ПРЕД 2011 ГОДИНА: Албанија презема мерки за почист воздух

АЛБАНИЈА ДOЖИВУВА ТУРИСТИЧКИ БУМ: Колку странци ја посетиле земјата лани?

АЛБАНИЈА ДOЖИВУВА ТУРИСТИЧКИ БУМ: Колку странци ја посетиле земјата лани?

ВУЧИЌ САКА НА РЕФЕРЕНДУМ ДА СЕ ПОТВРДИ ДАЛИ ИМА ПОДДРШКА ОД НАРОДОТ: За другите ова е игра и шоу

ВУЧИЌ САКА НА РЕФЕРЕНДУМ ДА СЕ ПОТВРДИ ДАЛИ ИМА ПОДДРШКА ОД НАРОДОТ: За другите ова е игра и шоу

ПАДНАЛА ФАСАДА, ИЗЛЕТАЛ ПОКРИВ ОД БАЗЕН: Бура ја зафати Црна Гора

ПАДНАЛА ФАСАДА, ИЗЛЕТАЛ ПОКРИВ ОД БАЗЕН: Бура ја зафати Црна Гора

Вучиќ: Трамп носи неверојатни промени, една од нив е укинувањето на „факт чекерите“

Вучиќ: Трамп носи неверојатни промени, една од нив е укинувањето на „факт чекерите“

ШТО ГО ЧЕКА МИЛАНОВИЌ: Во следниот мандат од пет години не смее да има непријателска кохабитација со Владата, особено околу воените прашања

ШТО ГО ЧЕКА МИЛАНОВИЌ: Во следниот мандат од пет години не смее да има непријателска кохабитација со Владата, особено околу воените прашања

ГАРАНТ НА ПОЛИТИЧКАТА РАМНОТЕЖА: Историски триумф на Зоран Милановиќ

ГАРАНТ НА ПОЛИТИЧКАТА РАМНОТЕЖА: Историски триумф на Зоран Милановиќ

ВО ШТАБОТ НА МИЛАНОВИЌ СЕ СЛАВИ – ИМА НЕДОСТИЖЕН РЕЗУЛТАТ ПРЕД ПРИМОРАЦ: Хрватска ќе има старонов шеф на државата

ВО ШТАБОТ НА МИЛАНОВИЌ СЕ СЛАВИ – ИМА НЕДОСТИЖЕН РЕЗУЛТАТ ПРЕД ПРИМОРАЦ: Хрватска ќе има старонов шеф на државата

ЧОВЕК ПОЧИНА НА ИЗБИРАЧКОТО МЕСТО ВО РИЈЕКА: Трагедија на претседателските избори во Хрватска

ЧОВЕК ПОЧИНА НА ИЗБИРАЧКОТО МЕСТО ВО РИЈЕКА: Трагедија на претседателските избори во Хрватска