Добивај вести на Viber
Доцна попладнево со пукотници дрвокрадци кај селото Љуботен се обиделе да се преметаат со полицијата.
Полицајците од единицата Алфи ги забележале дрвокрадци на Скопска Црна Гора, близу селото и тргнале по нив. Меѓутоа кога запреле за да ги легитимираат почнале пукотниците.
Како што јави МИА полицијата е во околината на скопско Љуботен. Според првичните информации од МВР, нема повредени и акцијата се уште трае.