Пуштена e во употреба веб-страницата „Vakcinacija.mk
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2021
Министерството за здравство информира дека пуштена e во употреба веб-страницата „Vakcinacija.mk“ на која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против КОВИД-19. Секој заинтересиран граѓанин кој сака да прими вакцина против коронавирусот може да се пријави на веб-страницата.
Граѓаните потребно е да ја пополнат апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19. Со пополнувањето на формата, се регистрирате директно во националниот систем „Мој Термин“.
„Сите апликации кои ќе пристигнат ќе бидат внесени во оваа база, со што ќе се ажурира податокот кој за секој пациент го гледа матичниот лекар. Нема потреба дополнително пациентите да го бараат или информираат својот матичен лекар дека се регистрирале за да примат вакцина. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ги повика и ќе ги информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата. Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација на Република Северна Македонија“, велат од Министерството за здравство.
Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против КОВИД-19. Вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи на кои што досега се развиваа и сите други вакцини.
Линк до веб-страницата: https://vakcinacija.mk/
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе му го предаде на премиерот на Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија ги донира на земјава.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.