Добивај вести на Viber
Денеска, по повод Денот на независноста, беше пуштена во употреба новата зграда на Уставниот суд и Државниот архив, која е дел од проектот „Скопје 2014“.
На површина од повеќе од 4.000 квадратни метри, објектот во кој ќе се наоѓаат и Архивот и Уставниот суд е опремен со најсовремени системи за чување на материјалот и се очекува кадровски и технички да ја подобри работата на овие институции.
Според премиерот Никола Груевски, изградбата на оваа зграда била неопходна, поради несоодветните услови во кои работеле вработените во овие две институции.