09 Октомври, 2024
0.0248

„Пуси Рајот“ доби максимална казна затвор за упадот на финалето

Објавено во: Стил 17 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Членови на руската група “Пуси Рајт” (Pussy Riot) добија максимална казна 15 дена затвор за влезот  на теренот за време на финалето на Светското првенство во фудбал меѓу Франција и Хрватска во Русија, информира АФП.

Московски суд ги осуди „панкерите“ Вероника Никулшина, Олга Курачева, Олга Пахтусова и Пјотр Верзилов на 15 дена затвор и исто им забрани да посетуваат спортски настани за период од три години.

Тие се обвинети за ” грубо кршење на правилата за однесување на гледачите ” и им е изречена максимална казна за  тоа обвинение.

Четворицата упаднаа на теренот и накратко го прекинаа натпреварот во второто полувреме, каде во публиката беа и   претседателите на Русија Владимир Путин и на Франција Емануел Макрон.

Музичката група веднаш пушти порака на социјалната мрежа, преземајќи одговорност за протестот и објавува листа на шест политички барања , вклучувајќи ослободување на сите политички затвореници, престанок на апсењата на мирни демонстрации и да се “овозможи политичка конкуренција во земјата”.