06 Декември, 2025
0.0268

Путин го одби предизвикот на Вин Дизел да се полие со ладна вода!

Објавено во: Стил 20 Август, 2014 22:02

Добивај вести на Viber

Уште ништо не е потврдено, но изгледа дека рускиот претседател Владимир Путин го одбил ладниот предизвик, за кој го номинираше американскиот глумец Вин Дизел, пишува Индепендент.

Весникот пишува дека Путин наводно одбил да се полие со ладна вода, прекинувајќи ја низата која во последните денови лудите познати фаци во Америка ја започнаа во кампања за борба против Амиотрофична латерална склероза.

Портпаролот на Путин рекол дека не знае за што се работи и дека „имале поважна работа на распоредот“.

Остануваат само уште неколку чаша до истекот на 24 часа колку што Путин има време да се полие со кофа ладна вода и да го исполни предизикот, така да теоретски уште има време да се предомисли, додава британскиот весник.

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: