18 Мај, 2024
0.0274

Путин ја замени Софија со Атина, Скопје и Белград

Објавено во: Економија 17 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Грција очекува договорот со Русија за изградба на "Турски поток" да биде потпишан следната недела. Ова стана јасно од интервјуто на министерот за енергетски работи на Грција, Панајотис Лафазанис за радио "Параполитика", објавено на сајтот на Министерството за енергија. Според зборовите на Лафазанис гасоводот е "голем економски и политички проект од огромно значење за иднината на земјата". Изградба на цевките на територијата на Грција ќе привлече 2 милијарди инвестиции и ќе создаде 20 илјади работни места, смета тој. Најважниот ефект од "Турски поток" сепак ќе биде најниска цена на природниот гас и големите попусти кои Русија ќе и ги предложи на Грција при изградбата на гасоводот во 2019 година. Грција ќе стане транзитна земја за трети земји, убеден е уште грчкиот министер. "Овој проект целосно ги покрива интересите на Грција", додава тој. Потсетуваме дека од почетокот на месецот силно се интензивира работата на проектот, но засега само на зборови. Во Будимпешта се одржа состанок на пет држави - Грција, Унгарија, Србија, Македонија и Турција, кои разговараа за подготвеноста да се изгради продолжетокот на "Турски поток" од турско-грчката граница. На средбата Бугарија не беше поканета, веројатно поради проблемите кои ги создаде со Јужен поток. Шефот на "Гаспром" Алексеј Милер, пак, беше категоричен дека "Гаспром" ќе гради "Турски поток" до турско-грчката граница, какви што и се плановите, а европските клиенти да бараат начин да го пренесат гасот оттаму. Европсксиот енергетски комесар Мигел Анхел Канете сепак објасни дека ЕУ нема никакви планови да гради слична инфраструктура. Аналитичарите коментираат дека со овој став на Европската комисија хипотезите на рускиот гасен гигант изгледаат нелогични. Како резултат на намалената потрошувачка на гас веќе корисниците не бараат гасовод, туку обратно - гасоводите бараат корисници тврдат руските дипломати. За нив најверојатно по 2019 година ЕУ ќе купува гас на руско-украинската граница. На овој начин Русија ќе ги исполни заканите да престане транзитот преку Украина, а европската Енергетска унија ќе ги исполни целите за кои беше создадена. Всушност сите коментари за "Турски поток" во оваа фаза се базираат исклучиво на плановите кои Москва ги соопштува на медиумите. "Гаспром" се уште не испратил официјални писма кон партнерите во "Јужен поток" за промената во плановите. За сметка на тоа во почетокот на декември 2014 година беше потпишан првиот договор за "Турски поток" - со турската Botas. Меѓутоа, оттогаш нема движење на проектот, иако за морскиот дел патиштата се јасни, а цевките - купени. Руските медиуми посочија дека причината е Анкара, која инсистира за поголеми отстапки во цената на гасот, отколку што Русија е подготвена да даде. Нема дефинитивно јасна треса откако цевките ќе излезат на турскиот брег и ќе продолжат кон ЕУ, поради што не може да се каже потребно ли е гасоводот да одговара и со европските правила. Не се коментира и финансирањето на проектот. Поради санкциите на Западот кон Русија "Газпром" тешко може да ги најде потребните средства од странските пазари. Состојбата на Грција - посочена како учесник во проектот, на пример е таква што во прво време едвај може да е финансиски партнер во проектот. Не може многу да се очекува ниту од Србија и Македонија. Остануваат Турција, Унгарија и Австрија, која исто така се приклучи на "Турски поток" според руските медиуми, кои во оваа фаза не даваат сигнали каква е нивната подготвеност да вложат средства во проектот. Едно е јасно - гасната дипломатија работи со полна брзина. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа