23 Јануари, 2025
0.1344

РАБОТА НА ИДНИНАТА: Еве како може да тргувате со цената на акциите на Facebook од вашиот дом

Објавено во: Мои пари 30 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

FXLider, специјално на читателите на "Фактор", им подарува 50 евра почетен капитал за тргување со цената на акциите на Facebook и другите големи меѓународни компании на светскиот пазар. Земете 50 евра и тргувајте на единствената берза каде што можете да заработите и кога цените на акциите растат и кога цените на акциите паѓаат. Земете 50 € за тргување овде. Една од најпопуларните социјални мрежи во светот Facebook минатата недела ги објави резултатите од работењето во текот на претходниот квартал. Марк Цукерберг извршниот директор на Facebook ја започна изјавата за резултатите од вториот квартал, велејќи дека компанијата имала добар квартал. „Всушност, приходите во текот на последниот квартал достигнаа 2.9 милијарди долари и на тој начин го надминавме предвидувањето на економистите кои очекуваа приходите да бидат 2.8 милијарди. И според сите други параметри Facebook навистина имаше одличен квартал. Вкупните годишни приходи се зголемија за 61% и приходите од реклами за 67%. Приходите од рекламирање на мобилни телефони достигнаа 62% од вкупните приходи, што е значително подобрување од 41%, кој го опфаќаше претходниот квартал“, вели м-р Никола Димков, сениор експерт во FXLider. Она што е интересно е дека најголем пораст на бројот на корисници е всушност надвор од САД и Европа. Околу 5 милиони нови корисници дојдоа од развиените земји, додека неверојатни 36 милиони од нив дојдоа од Азија и од други делови на светот. Facebook има направено одлична работа кога станува збор за приходи од земјите во развој, па така околу 38% од растот на приходите дојде токму од овие земји. Корисниците во Северна Америка и понатаму се најпрофитабилните кога се гледа според приходи по корисник - тие генерираат над двојно повеќе приходи од европските клиенти и речиси шест пати повеќе од корисниците во Азија. Оваа разлика не се намалува, туку напротив. Со цел Facebook да го продолжи својот раст на кој инвеститорите се навикнати и го очекуваат, оваа компанија треба или да продолжи да остварува зголемување на приходите од северно-американски корисници (но како работите стојат засега мала е веројатноста за ова особено со сегашниот систем на рекламирање), или да се најде модел со кој ќе се направат поголеми приходи од корисници во земјите во развој. „Она што е логично да се очекува е дека бројот на нови корисници наскоро ќе започне да опаѓа бидејќи бројот на активни корисници сега достигнува 1,3 милијарди што е околу 18% од човечката популација, а само 40% од светската популација има пристап до интернет. Ова покажува дека речиси половина од оние кои имаат пристап до интернет имаат профил на Фејсбук. Според статистичките податоци, времето што корисниците го поминуваат на социјалната мрежа веќе покрива околу 20% од вкупното време поминато на интернет и е тешко да се очекува значителен пораст во ова прашање. Можеме да очекуваме од Марк Цукерберг нови модели на реклами прилагодени на корисници во земјите во развој или некој друг начин за да се зголеми профитот“, вели м-р Никола Димков од FXLider. Од мај оваа година до денес цената на акцијата Facebook порасна за преку 30%, а само неколку дена по објавата на кварталниот резултат остварен е раст од 2.45%.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД