РАБОТА ВО ДУБАИ: Хрватски стјуард ја открива темната страна на работата во странство
Објавено во: Економија 09 Февруари, 2016 19:01
Хрватски државјанин за порталот „034 портал“ го опишал животот во Дубаи каде што работи веќе пет години.
„Овде се води паралелен свет. Еден е за јавноста, а друг за приватноста. Ова е шеријатска држава, каде се би требало да биде во склад со исламската религија, а притоа никаде нема повеќе проститутки како тука - со овие зборови хрватскиот стујард го опишал Дубаи.
Општеството во Дубаи е опишано како модерно робовладетелство. Градежните работници работат од 12 до 14 часа на ден за плата од 200 евра. Работат по најголемите жештини, без слободен ден, па дури по 20-тина живеат во една соба со еден тоалет. Туристите поради сјајот на Дубаи тоа не можат да го видат.
Споредувајќи го животот во популарниот град во Обединетите Арапски Емирати, тој изјавил дека некои работи се поевтини од Хрватска, а со самотот тоа и од земјите во регионот, како горивото, превозот и цигарите. Од друга страна, режиските трошоци, здравственото осигурување, школувањето и излегувањето се далеку поскапи.
Хрватoт кој работи како стјуард во Дубаи живее од април 2011 година. Тој вели дека многу големи се културолошките разлики.
„ Казните за криминалот се сериозни, и ретко ќе доживеете физички напад или кражба во јавност и во јавен превоз, или напад на улица. Луѓето не се љубоморни едни на други без оглед на тоа дали имаат повеќе или помалку пари. Нема бездомници и луѓе кои пребаруваат по ѓубре во потрага по храна" вели хрватскиот стјуард.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




