30 Април, 2024
0.0264

Работниците го сменија Палитов, што откри финансиската контрола во синдикатот на ФЕНИ Индустри?

Објавено во: Финансии 05 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Финансиската контрола на работењето во синдикалната организација на комбинатот „Фени индустри“ покажала загуба од над 100.000 евра. Засега нема информации на што се должат загубите, односно дали имало злоупотреби во користењето на синдикалните средства. Станува збор за синдикална организација на чие чело беше контроверзниот Ѓорѓи Палитов. Негова смена, со отворено писмо до јавноста, деновиве побараа вработените, кои сакаат Фени да продолжи да работи, да се стабилизира и тие долгорочно да продолжат да земаат плата.

Денеска, по одржаното собрание на Синдикатот на вработените во Фени, Палитов е разрешен од функцијата претседател на синдикатот.

Сега веќе поранешниот Претседател на синдикалната организација, Палитов, од вработените беше обвинет дека работи за претходното раководството и дека затоа лобира за бугарската компанија Енекод, која според сомневањата, е продолжена рака на „Кунико“. Претходниот сопственик го остави „Фени индустри“ со долгови од над 70 милиони евра и го доведе комбинатот пред затворање. Тврдењата во однос на Палитов, вработените ги поткрепија со аудиоснимка од состанок на Палитов со транспортерите на руда за Фени, на кој ги убедувал дека најдобро решение за фабриката, покрај отворената стечајна постапка во велешкиот суд, е бугарската компанија „Енекод“. Вработените ја испратија до јавноста снимката револтирани од постојаното одложување на судската постапка преку која се надеваа дека ќе се најде решение за фабриката повторно да почне да работи.

Во писмото вработените посочија дека сега конечно се задоволни, бидејќи благодарение на стечајната постапка за нив завршила долгогодишната голгота, дека редовно земаат плата, се исплаќаат долговите и дека се полнат залихите, односно дека комбинатот по долго време работи како што треба.

Иако во меѓувреме, додека трае стечајната постапка, а со цел комбинатот да не запре со работа, во „Фени индустри“ беше обновено производството, вработените се вратија на работа и редовно им се исплаќаат платите, откупени се побарувањата на банките, исплатени транспортерите и најголем дел од другите доверители, претседателот на синдикалната организација сепак правеше опструкции за нормалното функционирање на комбинатот.

Поради сево ова, вработените бараа смена на Палитов, кој, според нив евидентно не работеше во интерес на работниците, туку континуирано застапува нечии други интереси.



Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?